fbpx

Бриселската тројка ќе го откочува Договорот од Пржино

-

Европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан денеска напладне ќе ги почнат средбите со претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино, соопштуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

За време на посетата, европратеничката тројка, која заедно со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, посредуваше при носењето на Договорот, ќе се сретне и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со претставниците на ДИК.

Засега не се знае дали тројцата европратеници ќе имаат заедничка средба со претставниците на политичките партии, а за утре во 13 часот е најавена прес-конференција во ЕУ-инфо центарот.

Ховит, Вајгл и Кукан ќе се обидат да го откочат дијалогот во спроведувањето на Договорот од Пржино, кој заглави кај медиумите и кај прочистувањето на избирачкиот список. Нивната посетата доаѓа четири дена пред доаѓањето на еврокомесарот Хан во Скопје, кој пред неколку недели испрати писмо до потписниците на Договорот, во кое изрази загриженост поради пробивањето на договорените рокови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...