fbpx

Јанева и тимот сериозно загрижени по говорот на Груевски, побарале засилено обезбедување

-

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и нејзиниот тим обвинители побарале зголемено обезбедување по вчерашното обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кое, меѓу другото, остро ја нападна Јанева, информираат за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка.

„Во однос на јавното обраќање на претстедателот на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да искажеме дека како јавно обвинителство сме сериозно загрижени, поради што ова јавно обвинителство одлучи да ги зголеми мерките за безбедност. Во оваа насока појаснуваме дека од Министерството за внатрешни работи е побарано да бидат доделени на работа на ова јавно обвинителство лица кои ќе работат и на лично обезбедување на јавните обвинители“, стои во одговорот од СЈО на нашето барање за коментар на вчерашната изјава на Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во своето обраќање пред унијата на жени на партијата рече дека по победата на изборите на 24 април, „на ниту еден политичар долго време нема да му падне на памет да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, со Чауши, со Ванхојтовци, со Катици и со продавачи на магла…“

„По оваа лекција, која ќе дојде на изборите преку општонародното масовно гласање, ќе помине долго, многу долго време, пред на некој политичар повторно да му падне на ум да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, со Чауши, со Ванхојтовци, со Катици и со продавачи на магла на типови чија главна цел е да ги изрекетираат бизнисмените во нивниот град“, рече вчера Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...