fbpx
Таг: Јавно обвинителство

таг: Јавно обвинителство

За Шврговски, обвинителството е самостоен орган, но не е независен!

Поранешниот државен јавен обвинител, Љупчо Шврговски, за „Дојче веле“ не го негира разговорот, во кој, тој бара од Јанкулоска да интервенира кај министерот за правда, Блерим Беџети, за синот на претседателката на Апалацискиот суд, Љупка Арсениевска, да биде избран за обвинител. - Политиката во однос на тоа кој ќе биде обвинител во основните, во вишите обвинителства и во државното јавно обвинителство,...

Заев повторно пред Јавен обвинител

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со својот адвокатски тим, денеска повторно се појави пред надлежен јавен обвинител од Одделот за организиран криминал, а во врска со случајот во кој е осомничен за примање поткуп, јавува телевизијата „24 Вести“. Заев пред пет дена беше на распит во јавното обвинителството за случајот „Пуч“, каде е четвртоосомничен. Како што пренесува телевизијата, лидерот на опозицијата...

Невозможна мисија: И странци и Зврлевски во Обвинителството

„Првин оставка на Марко Зврлевски, па потоа меѓународни експерти“, е генералниот став и своевиден услов на опозициските партии, на чело со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), во врска со поканата што Јавното обвинителство ја доставило до органите на Европската унија (ЕУ) за испраќање меѓународни експерти кои би ја надгледувале работата на обвинителите во случаите „Пуч“ и „Прислушување“. - Ние по ова...

Јавното обвинителство покани ЕУ-експерти за надзор на „Пуч“ и на „Прислушување“

Јавното обвинителство на Република Македонија доставило официјална покана до органите на Европската унија за испраќање меѓународни експерти кои би ја следеле работата на јавните обвинители во врска со актуелните предмети, случајот „Пуч“ и аферата „Прислушување“, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Ваквата одлука е одраз на цврстиот став дека јавните обвинители доследно постапуваат во согласност со законите и дека јавноста нема...

Велешкото обвинителство почна истрага за случај на полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Велес почнало истражна постапка против 47-годишно лице осомничено за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, информираат од јавното обвинителство. Како што соопштуваат оттаму, кривичното дело за кое се товари осомничениот се случило во понеделникот, а жртвата било момче на 12-годишна возраст. „Осомничениот, инаку сосед на жртвата , на 9 март 2015 година во попладневните часови го повикал...

Обвинителството бара да го остават на мира

Јавното обвинителство денеска преку соопштение реагира на, како што велат оттаму, притисоците и нагласените повици за конечни одговори во врска со аферата „Прислушување“ и со случајот „Пуч“, како и повиците за лична и за колективна одговорност. „Сметајќи дека со ваквите напади, се нарушува независното работење на јавните обвинители, како одговорни за гонење на сторителите на кривичните дела, ја информираме јавноста...

МВР апелира да не се објавуваат нови снимки на „Јутјуб“

„МВР се придружува до апелот на Обвинителството, да не се објавуваат снимки на „Јутјуб“ кои можат да бидат искористени во понатамошна постапка. Но, се прашува и се пишува само за овие снимки. Зошто не се пишува за снимките што ги објавува Заев? Погледнете го членот 151 од кривичниот закон, објавува приватни разговори“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски. На прашање на „Мета“,...

Кривичните пријави на СДСМ, Oбвинителството „ги зело во работа“

Основното јавно обвинителство Скопје денеска попладне со соопштение информира дека кривичните пријави за неовластено прислушување што ги поднесоа СДСМ, лидерот на партијата, Зоран Заев, неговата заменичка, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Тито Петковски и Андреј Жерновски, „биле земени во работа“. „Притоа се повикани подносителите на кривичните пријави, дел од нив се сослушани пред јавниот обвинител и во тек е...

СДСМ: Скандалозно е ВМРО-ДПМНЕ да ја оценува основаноста на кривичните пријави

За СДСМ е скандалозно тоа што центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ оценува дали поднесените кривични пријави се основани или не, реагираат од најголемата опозициска партија, која денеска поднесе три кривични пријави против премиерот Никола Груевски, директорот на УБК, Сашо Мијалков, министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и против Мартин Протоѓер и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. „СДСМ пријавите...

Кривични пријави за членови на одборот на директори на поранешен „Транс Велес“

Секторот за внатрешни работи Велес, во соработка со надлежното обвинителство, поднело кривични пријави против бугарски државјанин, извршен директор, претседател и против петмина членови на одборот на директори на поранешното акционерско друштво „Транс Велес“ Скопје, осомничени дека ја злоупотребие службената положба и овластување, ставајќи под хипотека недвижен имот на фирмата во износ од 300.000 евра, спортивно на зконските одредби, соопштија...

Јавно обвинителство-Скопје ќе го испитува случајот на Тамара

Основното јавно обвинителство – Скопје, по допрен глас, оформи предмет за случајот со починатото девојче Т.Д. од Велес, за кој вчера известија медиумите, соопштија од ЈО- Скопје. - Назначен е надлежен јавен обвинител, кој ќе го разгледа предметот и ќе почне постапка за утврдување на фактите и на евентуалната одговорност за смртта - пишува во соопштението.    

На телата на загинатите во Богданци ќе се врши ДНК-анализа

На телата на тројцата работници што вчера ги загубија животите во хаваријата во фабриката „Балкан гасови“ во Богданци, ќе се врши ДНК-анализа за да се утврди нивниот идентитет, соопшти денеска Јавното обвинителство. Оттаму информираат дека Основното јавно обвинителство Гевгелија наредило обдукција на телата, која била извршена уште вчера во гевгелиската општа болница, но телата на починатите сè уште не се предадени на...

Спорните снимки сè уште на „Јутјуб“, МВР „постапува“

Снимките од средбата меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на кои двајцата разговараат за доказите од случајот „Бомба“ и за нивното потекло, сè уште се достапни на интернет-сервисот „Јутјуб“. Обвинителството во вторникот, преку соопштение, информираше дека побарало од Министерството за внатрешни работи (МВР) да стапи во контакт со „Јутјуб“ и да побара отстранување на снимките, но...

ВМРО-ДПМНЕ: Јавното обвинителство да открие од каде се снимките

Повторно го повикуваме Јавното обвинителство да открие од каде се снимките од премиерот Никола Груевски и од лидерот на опозцијата, Зоран Заев, дали смее да се објавуваат вакви снимки, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени посебни истражни мерки или не е, и за што станува збор, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. - Зоран Заев сам призна дека соработувал со...

СДСМ вo петок ќе реши кога ќе ја објави „бомбата“

Во петок, во 18 часот, на Централен одбор, СДСМ ќе одлучи кога ќе се објави бомбата, одоговри денеска на новинарско прашања портпаролот на партијата, Петре Шилегов. Тој, на прес-конференција, кажа и дека забраната за која зборува Јавното обвинителство (ЈО) не се однесува на докaзите со кои располага СДСМ и кои ќе бидат објавени пред јавноста. Исто така, таа не се...

Обвинителството сака да открие или да сокрие?

Синоќешното соопштение на Јавното обвинителство за материјалите од средбата меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозцијата, Зоран Заев, во кое, меѓу другото, медиумите се предупредуваат да не објавуваат вакви слични материјали бидејќи ќе сносат санкции, предизвика остри реакции во јавноста и од новинарските здруженија. Првичните реакции на соопштението произлегуваат и сугерираат на повеќе моменти поврзани со објавувањето информации и...

ССНМ контра Обвинителството: Новинарите имаат обврска да откриваат информации

Самостојниот синдикат на новинари ги отфрла заканувачките предупредувања на Основното јавно обвинителоство дека „објавувањето материјали што може да станат предмет на понатамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон“. „Новинарите кои ќе дојдат до материјали поврзани со информации за потенцијален судир на интереси, за погрешно информирање на јавноста преку изјави или постапки на службени лица, организации или власти, за неетично...

Обвинителство: Кумановец под истрага за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Куманово наредило спроведување истрага против кумановец, осомничен за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, соопштија од јавното обвинителство. Според кривичната пријава што била доставена до обвинителството, осомничениот во април минатата година го повикал детето во својот дом, каде што сексуално го злоупотребил. На предлог на обвинителството, судија на претходна постапка на осомничениот му одредил мерка...

Сè уште непознати причините за смртта на младиот кумановец

Јавното обвинителство наредило обдукција на телото на 22-годишниот кумановец Мартин М., чие безживотно тело вчера беше пронајдено во речното корито на Кумановска Река, кај местото Бавчи. Според полицијата, Мартин М. во саботата, минатата недела, бил пријавен за исчезнат во СВР Куманово. По наредба на Јавното обивнителство, на телото на починатиот ќе се врши обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика...

Штитеник во воспитно-поправен дом се обидел да убие лекар

Основното јавното обивнителство Велес поднело барање до судијата за малолетници во велешкиот Основен суд за поведување постапка за обид за убиство, за кој е осомничен штитеник на Воспитно-поправниот дом Тетово, против кој веќе се води постапка за силување друг штитеник, соопштија од јавното обвинителство. Малолетникот во неделата се обидел да го нападне домскиот лекар, а потоа со нож му се заканувал...

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...