Велешкото обвинителство почна истрага за случај на полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Велес почнало истражна постапка против 47-годишно лице осомничено за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, информираат од јавното обвинителство.

Како што соопштуваат оттаму, кривичното дело за кое се товари осомничениот се случило во понеделникот, а жртвата било момче на 12-годишна возраст.

„Осомничениот, инаку сосед на жртвата , на 9 март 2015 година во попладневните часови го повикал момчeто да го превезе со својот автомобил. Откако жртвата влегла во автомобилот, осомничениот ги заклучил вратите и почнал да врши полови дејства, на што момчето се спротиставило. По дадениот отпор, осoмничениот го вратил детето на стоина метри близу до куќата, каде го оставил“, стои во соопштението од јавното обвинителство.

На предлог на надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка на осомничениот му одредил мерка притвор од 30 дена.