fbpx
Таг: Јавно обвинителство

таг: Јавно обвинителство

За градоначалникот Талески новинарите се виновни што има истрага против него

Битолскиот градоначалник Владимир Талески ги обвини новинарите за тоа што Обвинителството отвори предмет по „бомбата“ на опозицијата, во која се зборува дека тој, наводно, направил криминал со бесплатниот превоз на ученици. Талески упати грст навреди кон дел од локалните новинари, нарекувајќи ги „врвни непрофесионалци“. - Благодарение на вашата разединетост во делот на новинарството и благодарение на голем и врвен непрофесионализам, се...

Двајца малолетници осомничени за кражби во цркви и манастири

Струмичката полиција до локалното Основно јавно обвинителство поднела известување против двајца малолетници од селото Лубница, осомничени дека кон средината на април извршиле серија кражби во цркви и во манастири, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, малолетниците се товарат за шест тешки кражби во цркви и во манастири на подрачјето на Радовиш и за одземање моторно возило. Осомничените на 12 и на...

Обвинителството почна истрага за двојното убиство во Мерово

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово издал наредба за спроведување истражна постапка против петмината осомничени за двојното убиство, што вчераутро се случи во тетовското село Мерово, соопштија надлежните. Според Обвинителството, четворица од осомничените се товарат за убиство и за неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи, додека петтиот само за недозволено поседување оружје. Во вчерашната престрелка во...

Двајца припадници на АРМ повредени во сообраќајка

Двајца припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) денеска биле повредени во сообраќајна несреќа кога џипот „ланд ровер дефендер“, сопственост на АРМ, од неразјаснети причини се превртел на магистралниот пат Скопје - Гевгелија, кај манастирот „Свети Атанасиј“, соопшти Јавното обвинителство. Повредени во сообраќајната незгода биле возачот на џипот и совозачот, а другите три лица, кои патувале со нив, се пожалиле...

Поднесени обвиненија за трикратното убиство во Кавадарци и за сообраќајката кај Католичка црква

Јавното обвинителство вчера информираше дека бил поднесен обвинителен акт против осомничениот за трикраткото убиство, што во ноември минатата година се случи во Кавадарци, а обвинение било покренато и за сообраќајната незгода, која на 15 истиот месец се случи во близина на Католичката црква во Скопје, во која загина пешак. Осомничениот за убиството во Кавадарци, според Обивнителството, се товари дека на...

СДСМ: Обвинителството лаже, Илиевски не може да биде изземен

Како претпоставен јавен обвинител во Обвинителството за организиран криминал и за корупција, Јован Илиевски не може да биде изземен од постапување по конструираниот предмет „Пуч“ затоа што по принципот на хиерархија и субординација на Обвинителството, директно е претпоставен на обвинителот што постапува по конструираниот предмет, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, а како реакција на официјалното соопштение на Јавното обвинителство дека...

За Обвинителството, тврдењата на СДСМ се притисок врз судот

„Одлуката за поднесување на обвинителниот акт во предметот „Пуч“, како и во сите други предмети, е донесена и се темели само на доказите собрани во текот на истражната постапка, а соопштението на СДСМ, Јавното обвинителство го сфаќа како притисок врз судот“, стои во писмената реакција на Јавното обвинителство на тврдењата на опозицијата дека „одлуката е донесена од Јован Илиевски, баџанак...

СДСМ до Обвинителството достави 10.000 страници докази за „Пуч“ и за „Поткуп“

Повеќе од 10.000 страници материјални докази, кои содржат огромен број транскрипти од преслушувани разговори, СМС-пораки и телефонски броеви, денеска беа доставени од опозицискиот СДСМ до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за случаите „Пуч“ и „Поткуп“, а кои, како што изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, покажуваат дека од нивна страна немало „насилство кон претставници на највисоките државни...

Ангелов со ѕвончиња ја будеше совеста на Зврлевски

Со ѕвончиња во рацете, денеска триесетина граѓани, заедно со генерал Стојанче Ангелов, пред влезот на Обвинителството ги повторија барањата, Марко Зврлевски да си даде оставка и да се објасни врз основа на која одлука забранува МРТВ да ги објавува политичките „бомби“ на опозицијата. - Не знам што прави овој човек сè уште во обвинителството. Нека ја напушти функцијата, има чесни...

Заев и денеска во Обвинителство

Четвртообвинетиот во случајот „Пуч“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе дава исказ во Јавното обвинителство. За истиот случај, првообвинетиот Зоран Верушевски два дена даваше исказ во обвинителството. Во вторникот Заев даваше исказ за случајот „Поткуп“.

Кривични пријави: СДСМ спамира, Обвинителството само регистрира

„Јавното обвинителство може да ги распредели предметите на 27 јавни обвинители ако сака, но важно е што досега има направено по тие предмети“, вели за „Мета“ портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, во врска со соопштението од Обвинителството, објавено пред две недели, дека кривичните пријави што ги поднесе опозицијата за сомнежите за криминал што произлегуваат од прислушуваните разговори биле распределени за работа...

Верушевски денеска на распит во Обвинителство за делото шпионажа

Поранешниот директор на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, денеска напладне  дал исказ пред јавен обвинител во врска со случајот  „Пуч“ , во кој  тој е првоосомничен и се товари за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи, пренесува „Утрински“ на својата интернет-страница. Покрај Верушевски,  денеска бил спрoведен уште еден од осомничените во случајот, исто...

Ангелов: Не помислувајте да го апсите Заев, ќе падне крв

Генералот Стојанче Ангелов и денеска со група граѓани протестираше пред Македонската радио-телевизија бидејќи јавниот сервис одбива да ги објави аудиоснимките од прислушуваните разговори што ги објавува претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Ангелов рече дека бара техничка влада, одржување избори во нормална атмосфера, а потоа народот да одлучи кому ќе му ја даде власта. Тој рече дека биле подготвувани меѓуетнички тензии...

ЕК нема да испрати експерти за надзор на „Пуч“ и на „Прислушување“

Европската комисија (ЕК) нема да испрати експерти за надзор на работата на јавното обвинителство по предметите од случајот „Пуч“ и од аферата „Прислушување“, одговориле од ЕК на поканата на Обвинителството. „Во одговорот сме известени дека Европската комисија во моментов нема да врши надворешната експертиза во содржината на која било поединечна кривична постапка. Притоа, во дописот е истакнато дека сметаат дека единствено...

ЕК сè уште не одлучила дали ќе испрати експерти во Обвинителството

Сè уште нема одговор од Европската комисија (ЕК) на поканата на Јавното обвинителство да испрати меѓународни експерти кои би ја следеле работата на обвинителите по предметите за случајот „Пуч  и предметите од аферата „Прислушување“, пренесува „24 Вести“. Од ЕК потврдиле дека го примиле официјалното барање од македонското јавно обвинителство, но засега немаат повеќе информации. - Во оваа фаза немам многу што...

Обвинителство: 17 јавни обвинители работат по пријавите на СДСМ за прислушувањето

Предметите за наводно прислушуваните разговори и кривичните пријави што СДСМ ги поднесе до обвинителството во врска со наводите од снимките што ги објави лидерот, Зоран Заев, биле распределни за работа на 17 јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје, соопштуваат оттаму. „Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека предметите по јавно објавените наводи од наводно прислушуваните разговори по службена...

Институциите да се вклучат во истрагата околу „бомбите“

Граѓанските организации од Платформата за борба против корупција внимателно го следат објавувањето на снимените телефонски комуникации, информираат од Платформата. Оттаму велат дека објавените снимки треба да бидат предмет на истрага поради сомнежите за незаконско прислушување. „Бараме содржината на снимките да биде посебно и внимателно испитана, затоа што разговорите укажуваат на можни незаконски активности. Без разлика кој е изворот на снимените...

Обвинителството цела година прибирало докази за аферата „Актор“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција прибира докази за случајот „Актор“, кој во март минатата година, на прес-конференција, го обелодени опозицискиот СДСМ, соопштија за „Мета“ од обвинителство, по едногодишен молк, а одговрарајќи на прашањето: Дали е сè уште во тек истрагата за аферата „Актор“? „Надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција презема активности и прибира докази...

Секој секого тужи – поплава од кривични пријави во Македонија

Состојбата во Македонија, која некои ја нарекуваат политичка криза, предизвика поплава од кривични пријави, особено против и за политичари, јавни личности и за новинари. Во мала земја како што сме ние, се чини дека во моментов секој секого тужи и секој секому поднесува кривична пријава. За помалку од три месеци - од 31 јануари до денеска - кривични пријави поднеле или...

Опозицијата поднесе 21 кривична пријава за изборни нерегуларности

Опозицискиот СДСМ денеска до надлежното обвинителство поднесе 21 кривична пријава, против повеќе од 17 сторители на, како што рече заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, кривични дела против изборниот процес. Според Шекеринска, пријавите се однесуваат на кривичните дела злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на лични податоци, принуда, предизвикување општа опасност, фалсификување исправи, противзаконско посредување, повреда на избрачкото право, повреда...

Словенечкиот премиер е надовор од животна опасност но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...