fbpx

СДСМ: Обвинителството лаже, Илиевски не може да биде изземен

-

Како претпоставен јавен обвинител во Обвинителството за организиран криминал и за корупција, Јован Илиевски не може да биде изземен од постапување по конструираниот предмет „Пуч“ затоа што по принципот на хиерархија и субординација на Обвинителството, директно е претпоставен на обвинителот што постапува по конструираниот предмет, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, а како реакција на официјалното соопштение на Јавното обвинителство дека јавниот обвинител Јован Илиевски бил изземен од предметот „Пуч“.

– Во согласност со хиерархиската поставеност во Јавното обвинителство, баџанакот на Сашо Мијалков и извршителот на Никола Груевски, обвинителот Јован Илиевски, директно и индиректно има можност да влијае на одлуките што се однесуваат на предметот – рече Шилегов на денешната прес-конференција што ја одржа пред обвинителството.

Како што рече Шилегов, не постои ниту една основа за изземање на Илиевски според Законот за кривична постапка.

– Со ваквата реакција и однесување, Јавното обинителство потврди дека работи под целосен диктат и контрола на Никола Груевски, Сашо Мијалков и на Јован Илиевски – рече Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...