fbpx

Поднесени обвиненија за трикратното убиство во Кавадарци и за сообраќајката кај Католичка црква

-

Јавното обвинителство вчера информираше дека бил поднесен обвинителен акт против осомничениот за трикраткото убиство, што во ноември минатата година се случи во Кавадарци, а обвинение било покренато и за сообраќајната незгода, која на 15 истиот месец се случи во близина на Католичката црква во Скопје, во која загина пешак.

Осомничениот за убиството во Кавадарци, според Обивнителството, се товари дека на 9 ноември минатата година, ги убил сестрата, мајката и таткото на неговата поранешна сопруга, во нивниот дом во Кавадарци.

За сообраќајната незгода кај Католичката црква, бил поднесен обвинителен акт против возачот на автомобилот што го усмрти пешакот, според кој, тој се товари дека на 15 номеври како „учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето“.

„Обвинетиот го управувал возилото со недозволена брзина на движење од 100 километри на час, која не била приспособена кон својствата и состојбата на патот“, стои во соопштението од Обвинителството.

Оттаму вчера информираа и дека надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигнал спогодба со уште двајца осомничени во предметот „Јустиција“, односно судии кои активно ја вршеле функцијата.

На едниот му била определена условна затворска казна од две години, додека другиот судија бил осуден на условна затворска казна од девет месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...