fbpx

Обвинителството почна истрага за двојното убиство во Мерово

-

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово издал наредба за спроведување истражна постапка против петмината осомничени за двојното убиство, што вчераутро се случи во тетовското село Мерово, соопштија надлежните.

Според Обвинителството, четворица од осомничените се товарат за убиство и за неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи, додека петтиот само за недозволено поседување оружје.

Во вчерашната престрелка во Мерово, двајца браќа беа убиени, а уште две лица, нивни роднини, беа ранети и завршија во болница.

„Причина за престрелката и меѓусебната кавга биле нарушените меѓусебни односи околу напасување на стадата“, соопшти Обвинителството.

Од Јавното обвинителство денеска информираа и дека надлежниот обвинител што го води случајот „Чекан“, склучил спогодба со двајца од обвинетите во случајот, кои досега не биле осудувани.

Како што информираат оттаму, на обвинетите им била определена казна затвор од две години и седум месеци, односно две години и шест месеци за злосторничко здружување и за изнуда, а им била определена и глоба од 3.100 евра за лихварство.

Акцијата „Чекан“ беше спроведена од полицијата во декември минатата година и во неа беа приведени повеќе од десет лица осомничени дека биле дел од криминална група, која од 2008 година дејствувала во Гостивар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...