fbpx
Таг: Јавно обвинителство

таг: Јавно обвинителство

Обвинителството бара притвор за осомничениот за двојното убиство во Стајковци

Основното јавно обвинителство Скопје доставило предлог за определување мерка притвор за лицето осомничено дека ги сторило кривичните дела – убиство, во скопско Стајковци претходно неделава. Против лицето беше поведена истражна постапка откако во вторникот, на 14 мај, при вршење семејно насилство, во семејниот дом во Стајковци со умисла ги лишил од живот својот брат и снаата. Осомничениот, како што соопштија од...

Јавното обвинителство ќе добие нов електронски систем за управување со предметите

Претставниците на проектот „ЕУ – Поддршка за владеење на правото“, денеска го информираа јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, за планираните активности кои треба да се реализираат во рамките на овој проект во следниот период, информираат во Обвинителството. „Во рамките на активностите на овој проект поврзани со информатичката технологија, фокусот на поддршката ќе биде насочен во изготвувањето на...

Јавното обвинителство испитува случаи за изборен поткуп

Едно лице добило итен предлог за притвор заради поседување оружје и муниција, а за друго се води постапка за изборен поткуп, информираше денеска јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата на Јавното Обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборите. Тој соопшти дека по поднесената пријава во ОЈО Велес со сомненија за изборен поткуп и пронајдено оружје...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во средата, 24 април, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните им е забранета, им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на...

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти Јавното обвинителство. „Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, изборниот ден во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија помина мирно и без поголеми нарушувања на...

ЈО: Сомнеж за поткуп во Делчево и неправилности во селото Бучим

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија, до овој момент поминува мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Од настаните кои се пријавени, во текот на вчерашниот ден во ОЈО Делчево заведен е предмет по побарани наредби од...

Притвор за шестмина затворски полицајци кои овозможиле убиец да избега од затвор

По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, денеска беше спроведена акција од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во која се приведени 17 лица, информира Обвинителството. „Предметниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување...

Јавен обвинител денеска започнува со увид на Универзалната сала која вчера изгоре во пожар

Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар, информираат оттаму. „Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе...

Притвор за лице кое лажно се претставувало како вработен во АНБ и изнудило 180 илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела изнуда и лажно претставување. Според обвинителството, тој во периодот од 14.12.2023 до 05.04.2024 година, лажно се претставувал како службено лице – вработен во Агенцијата за национална безбедност и со сериозни закани присилил едно лице да му даде...

Извештај на Народниот правобранител: Бројот на претставки за работата на јавните обвинители се намалува

Вкупно 63 претставки се поднесени во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во земјава, покажува Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител. Бројот на претставки е намален за 24 претставки, односно за над 38 отсто во однос на 2022...

Лекар од Скопје пронајден во автомобил избоден до смрт во Железара

На паркингот пред поранешната клиника Железара, во возило „Киа“ вчеравечер бил пронајден починат 67-годишниот А.Т. од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој бил пронајден во сопствениот автомобил со повеќе убодни рани. Јавното обвинителство соопшти дека починатиот бил лекар. Го пронашле неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. „Лекар од Итна медицинска помош констатирал...

Месечно по три лица сo обвинение за злоупотреба на лични податоци

Во текот на минатата година, во основните јавни обвинителства низ државата биле примени 86 кривични пријави за Злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик, од кои 39 биле решени со поднесено обвинение или предлог за издавање казнен налог, се вели во анализата на Јавното обвинителство. Во 2022 година, пак, во обвинителствата биле примени 88 кривични пријави за...

Поведена истрага против битолчанец за силување на 14-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Битола поведе истрага против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. „Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата Прилепска во Битола, во повеќе наврати...

Битолчанец истурил бензин и запалил слот машини во казино

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35 годишен жител на селото Долно Оризари, кој е осомничен за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, соопштија денеска во Обвинителството. „На 2 март, во вечерните часови, осомничениот влегол во казино на улицата „Лазо Трповски“ во Битола, се качил на спратот од објектот каде што...

Љупчо Коцевски ја презеде функцијата државен јавен обвинител

Љупчо Коцевски од денеска и официјално е новиот државен јавен обвинител, откако ја презеде должноста од досегашниот вршител на функцијата - јавната обвинителка Соња Симовска. Коцевски и Симовска одржаа средба на која разговараа за актуелните состојби во Јавното обвинителство, како и за приоритетните активности во следниот период. Се зборуваше во насока на зајакнување на системот за борба против криминалот и...

ЈО: Обвинение за жител на Демир Капија за ширење омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата

Јавното обвинителство утрово соопшти дека, по спроведена претходна постапка, обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднел обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, преку коментари на социјалните мрежи напишани под вест на еден веб-портал во јули 2023...

Професионален војник осомничен за доставување телефони на затвореници во „Идризово“

Обвинителството поведе постапка против 23-годишник, вработен во Армијата на Северна Македонија кој го обезбедувал затворот „Идризово“, под сомнеж дека ја злоупотребил службената положба бидејќи за затворениците обезбедил 10 мобилни телефони, информираа истражните органи. За вработениот во Армијата обвинителството бара да му се определи мерка притвор. Настанот, според МВР, се случил вчера, кога полициски службеник за обезбедување на Казнено – поправната...

Поведена постапка за ученици кои монтирале фотографии од нивни соученички за да ги исмеваат

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднел Барање за поведување подготвителна постапка против шест малолетници. Станува збор за ученици од деветто одделение во основно училиште, кои како соизвршители, неовластено преземале приватни фотографии од нивни соученички, ги монтирале и меѓусебно ги споделувале со врсници. Целта на учениците, како што соопшти Јавното обвинителство била да ги навредуваат, исмеваат и да нанесат...

Уапсени четворица за злоупотреби на Клиниката за онкологија, меѓу кои и ексдиректорот Нино Васев

По речиси целодневен молк, од Јавното обвинителство потврдија дека за аферата со злоупотреби на Клиниката за онкологија, по налог на обвинителството биле извршени претреси на три локации, а уапсени се четири лица. Од обвинителството велат дека акцијата за случајот со Клиниката за онкологија е во тек и дека подоцна ќе бидат соопштени повеќе детали. Меѓу уапсените и задржаните во полициска...

Куќен притвор и за петтиот осомничен за упадот во М-НАВ кој беше во бегство

За еден од од осуммината осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, кој повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше уапсен на граничен премин, Основниот кривичен суд Скопје определил мерка куќен притвор. „Основното јавно обвинителство Скопје ќе вложи жалба на ваквата одлука“, соопштија од Јавното обвинителство. За упадот во М-НАВ во бегство се уште три лица,...

Словенечкиот премиер е надовор од животна опасност но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...