fbpx

Обвинителство: 17 јавни обвинители работат по пријавите на СДСМ за прислушувањето

-

Предметите за наводно прислушуваните разговори и кривичните пријави што СДСМ ги поднесе до обвинителството во врска со наводите од снимките што ги објави лидерот, Зоран Заев, биле распределни за работа на 17 јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје, соопштуваат оттаму.

„Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека предметите по јавно објавените наводи од наводно прислушуваните разговори по службена должност и досега поднесените кривични пријави од СДСМ, се распоредени на 17 јавни обвинители од ова обвинителство. Сите пријави се дадени за работа. По дел од истите досега се преземени определени дејства, а во тек е преземањето и на други активности во согласност со Законот за кривична постапка, Кривичниот законик и внатрешните правила за работење на јавното обвинителство“, стои во соопштението од  обвинителството.

Оттаму додаваат дека „како и по сите други кривични пријави и настани, без оглед на тоа кој е подносител и кој е пријавен, надлежните јавни обвинители на ист начин постапуваат и по наведените предмети“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...