недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: SDSM. | 59 резултати

Земјава на Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл позиционирана на 87. место

јануари 25, 2022

Подобрување на рангирањето за 24 места за Северна Македонија на Индексот на корупција на Транспаренси Интернешенл (ТИ) за 2021 година. Од претходното 111-то место, земјава лани се искачи на 87-то место како резултат на подобрување на човековите права, организираните избори, реформските процеси, судските процеси за висока корупција, работењето на Државната комисија за борба против корупцијата […]

СДСМ со неколку ветувања за развојот на медиумската сфера во новиот мандат

септември 3, 2020

Владејачката СДСМ пред изборите на медиумските организации јавно им вети брзо формирање на новите управувачки органи на Македонската радио-телевизија и на медиумскиот регулатор во рамките на медиумските реформи. Одговарајќи на јавно упатените прашања од страна на Здружението на новинари на Македонија и на другите новинарски и медиумски организации, СДСМ вети дека веднаш по заокружување на […]

Вистиномер: СДСМ и медиумскиот сектор – солидни ветувања и по некој спин за оствареното

јули 8, 2020

Несомнено, слободата на медиумите и на правото на говор и на изразување е пошироко и помодерно разбрано во СДСМ, споредувајќи ги со ВМРО-ДПМНЕ, и тоа и во поглед на предизборните програми, но и во поглед на праксата. Сепак, покрај тие современи заложби и приципиелно добри ветувања, во програмата „Можеме“ се детектираат два-три спина околу реализираното […]

Стратум: За коалицијата на СДСМ и БЕСА два отсто повеќе гласачи од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

јули 8, 2020

Владејачката коалиција „Можеме“ предводена од СДСМ и Движењето БЕСА би победила со тесна разлика од 2 отсто на парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули, покажува најновото анкетно истражување на „Стратум Р&Д“. На прашањето „За која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори на 15 јули?“, 25 отсто од испитаниците се определиле за […]

Лажните вести и (само)регулацијата во фокусот на програмите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во делот за медиумите

јули 7, 2020

Медиумите и нивната (само)регулација, заканите и тужбите со кои се соочуваат новинарите, лажните вести, медиумската писменост и финансиската поддршка на медиумите се наоѓаат во предизборните програми на двете најголеми политички партии што ќе се натпреваруваат на парламентарните избори на 15 јули. Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, „Обнова на Македонија“, пишува дека партијата доколку дојде на власт […]

СДСМ вели дека се отворија перспективите, ВМРО-ДПМНЕ дека е променет идентитетот

јануари 14, 2019

Отворени се перспективите, 2019 ќе биде година на напредок, интеграција, економски раст и повеќе пари кај секој граѓанин. Со усвојувањето на уставните измени, Македонија отвори нова, светла страница на иднината, стабилноста, безбедноста и економскиот напредок, порача СДСМ денеска. „Македонија станува 30 земја членка на НАТО, а во оваа 2019 година, се очекува и почеток на […]

СДСМ: Мицкоски, граѓаните се на прво место, тие не се статистичка грешка

август 24, 2018

Несериозноста и антидржавното однесување на Христијан Мицкоски отидоа дотаму што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ јавно изјави дека за него граѓаните се статистичка грешка. Граѓаните не се и нема да бидат некаква грешка, како што вели Мицкоски. Граѓаните се најважни, тие се на прво место, порача СДСМ реагирајќи на вчерашната изјава на Мицкоски. „Која е причината што […]

Мицкоски до 10 септември ќе се изјасни за референдумот, од СДСМ велат дека е несериозен

август 8, 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизијата „Канал 5“ вчера рече дека до 10 септември ќе соопшти дали ќе го повика членството да го бојкотира референдумот за името на 30 септември, или пак да гласа против или за. Тој исто така негираше дека неговата партија барала амнестија. На неговите тврдења реагираше СДСМ, порачувајќи […]

Нова средба на лидерите на четирите најголеми партии

јули 23, 2018

Лидерите на четирите најголеми партии, владејачките СДСМ и ДУИ и опозициските ВМРО-ДПМНЕ и крилото на Беса на Билал Касами денеска повторно седнаа во Клубот на пратениците во Скопје. Тие ќе се обидат да постигнат договор за претстојниот референдум за промената на името, односно за датумот на неговото одржување, формата на референдумското прашање и изборот на Државната изборна […]

Заев прифати ТВ дуел со Мицкоски

мај 16, 2018

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, ја прифати поканата за ТВ дуел од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тоа го соопштија од Владата вчера, кратко време откако Мицкоски по седницата на Централниот комитет на партијата упати таков предизвик до Заев. – Премиерот Зоран Заев е подготвен за ТВ дуел во секое време со Христијан […]

Жбогар: Македонија ја очекува многу работа

април 24, 2018

Македонија ја заслужи безусловената препорака, но ја очекува многу работа, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која го претстави извештајот. – Препораката од извештајот е кристално јасна, процесот на евроинтеграција не е техничка работа на штиклирање на задачите. Се работи за прифаќање и споделување на европските основни вредности. […]

Алинејата 4, додадена во Изборниот законик во Пржино, го кочи разрешувањето на Зврлевски

август 10, 2017

Одредбата од членот 8-а од Изборниот законик, за која ВМРО-ДПМНЕ побара мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со собраниската расправа за разрешувањето на држвниот јавнен обвинител, Марко Зврлевски, беше додадена во Изборниот законик во согласност со Договорот од Пржино, што во 2015 година го постигнаа СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, […]

Заев и Села разговарале за ресорските решенија во новата влада

мај 22, 2017

Разговорите течат со сите политички партии и верувам дека ќе почнеме да разговараме и за ресорите и имињата на министрите, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред почетокот на средбата со лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села. – Јас се надевам дека ќе ги заокружиме важните принципи за она што е интерес за […]

Почнува судењето на деветтемина обвинети за нападот во Собранието

мај 18, 2017

Денеска во Основниот суд Скопје 1 почнува судењето против девет лица за кои Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за насилствата во Собранието на 27 април. Тие се товарат за учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување службено дејство. На дел од обвинитетите судот им одреди мерки на претпазливост, а четворица од нив треба […]

Зијадин Села излезе од болница

мај 6, 2017

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, денеска беше пуштен од Клиничкиот центар во Тетово, каде што се лекуваше по повредите добиени при инцидентите во Собранието на 27 април. Села беше најтешко повреден, кога демонстранти упаднаа во законодавниот дом и ги нападнаа пратениците од парламентарното мнозинство. Пред два дена, на Села во болница му беше на […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и на Велика сабота го лаже и го манипулира сопствениот народ

април 15, 2017

СДСМ и на Велика сабота, ден пред најголемиот христијански празник Велигден, не пропушти да испрати соопштение со кое го лаже и го манипулира сопствениот народ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешното утринско соопштение од СДСМ. „Оваа партија во континуитет со своето дејствување го навредува сопствениот народ, традиционалните вредности градени со векови и сопствената држава. СДС е […]

ДС: Парламентарното мнозинство мора да покаже цврстина и одлучност во Собранието

март 24, 2017

Партиите од парламентарното мнозинство можат да се обидат во следните два дена да понудат и да постигнат компромис со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, за в понеделник да се избере претседател на парламентот и со тоа се создадат услови за избор на реформска влада и за мирен, демократски и државнички трансфер на власта, велат од Демократскиот сојуз. Од […]

Манчевски: На Хан нема што да му кажеме, а што тој веќе не го знае

март 19, 2017

Консултациите помеѓу СДСМ и партии кои ги дадоа своите потписи за мандатар на новата влада да биде Зоран Заев, сè уште се во тек, и утре, а најдоцна до вторник треба да биде познато кој ќе биде предлогот за нов претседател на Собранието, вели потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски за „Телевизија 24“. – Верувам дека […]

ВМРО-ДПМНЕ бара нови парламентарни избори заедно со локалните

март 5, 2017

ВМРО-ДПМНЕ чувствува обврска да ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои гласаа за Коалицијата за подобра Македонија и од таа причина, како и поради нашата стратешка определба, нема да дозволиме да се донесат никакви решенија што се спротивни на државните и на национални интереси, стои во денешното партиско соопштение. „Зоран Заев и СДСМ гледаат позитивно […]

Шилегов: По налог на УБК се проверува работата на 22 невладини и на 42 лица, критичари на власта

јануари 4, 2017

Портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, Петре Шилегов, денеска рече дека според информациите што ги имаат, по иницијатива на актуелниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и поранешен директор на Управата за финансиско разузнавање, Владимир Атанасовски, Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) побарала проверка за 22 невладини организации. – Управата за финансиско […]

Страна 1 од 3