fbpx

Земјава на Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл позиционирана на 87. место

-

Подобрување на рангирањето за 24 места за Северна Македонија на Индексот на корупција на Транспаренси Интернешенл (ТИ) за 2021 година. Од претходното 111-то место, земјава лани се искачи на 87-то место како резултат на подобрување на човековите права, организираните избори, реформските процеси, судските процеси за висока корупција, работењето на Државната комисија за борба против корупцијата и владиниот Акциски план за борба против корупцијата.

И покрај остварениот напредок во споредба со претходните години, Северна Македонија со освоени 39 поени од вкупно 100 го дели 87-то место со Косово, Колумбија, Мароко, Гвајана, Етиопија, Суринам, Танзација и Виетнам со кои има идентичен број поени, а од непосредниот регион во 2021 година зад нашата земја се наоѓаат Србија на 96-то место, Албанија и Босна и Херцеговина на 110-тото место.

Подоброто рангирање на Индексот на корупција е резултат и на бодовите што земјава ги има добиено од извештаите и истражувањата на седум независни меѓународни организации. Од седумте истражувања, во пет има напредок, додека во извештаите на „Фридом хаус“ и „Глобал инсајт“ земјата има резултат како и претходната година.

Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) рангира вкупно 180 земји и територии според перцепирани нивоа на корупција во јавниот сектор на скала од 0 (многу корумпирано) до 100 (некорумпирано). Најдобро рангирани во светот лани се Данска, Финска, Нов Зеланд, Норвешка и Сингапур, додека на дното на Индексот на корупција на ТИ се наоѓаат Јужен Судан, Сирија, Сомалија, Венецуела и Јемен.

Политичките партии денеска реагираа по објавеното рангирање на земјава во однос на борбата против корупцијата.

Богданка Кузеска од СДСМ рече дека скокот од 24 места е најдоброто рангирање на Северна Македонија во изминативе шест години на Индексот на корупција, посочувајќи дека државата презела чекори за кривично гонење на високи функционери за корупција и зајакнување на независните надзорни институции.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак реагираше со статус на Фејсбук, посочувајќи дека на Индексот на корупција на ТИ повторно сме рангирани меѓу најкорумпираните земји во Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...