„Уметноста постои за да го провоцира она од што се плашиме“ – Преведна збирка раскази од Олга Токарчук

Фото: Издавачка куќа Антолог

Во издание на Антолог, колкецијата европска литература преведена на македонски јазик се зголемува, овој пат со збирката „Бизарни раскази“ од полската писателка и добитник на Нобеловата награда за литература, Олга Токарчук.

„Станува збор за збирка од десет раскази чиј заеднички именител е фасцинацијата од
чудовишното. Токарчук ни поставува дилеми што нè исфрлаат од комфорната зона, потсетувајќи нè дека светот сè повеќе ни се измолкнува и дека сè помалку имаме контрола врз она што го правиме. Од каде води потекло бизарното? Дали бизарното е одлика на светот или пак лежи во секого од нас? Читателот ја губи свеста низ постојаната промена на ритамот на нарацијата. Што ли го чека на следната страница?
Со помош на гротеска, црн хумор, фантастични и хорор-елементи ни покажува дека реалноста не е онаква каква што ја познаваме. Токму затоа и постои уметноста – за да го провоцира она што се плашиме и да го помислиме“, информираат од издавачката куќа.

Книгата е преведна од Д-р Лидија Танушевска, преведувачка, редовна професор на Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет и двократен добитик на наградата „Златно перо“ за нејзините преводи. Графичкото уредување во „Бизарни раскази“ е напраевно од графичкиот дизјанер Марко Трпески.

Олга Токарчук е родена во 1962 година. Има студирано психологија и е голем  обожавател на Карл Јунг, филозофијата и на мистичните науки. Како авторка на десетина романи се издигна во една од најзначајните писателки. Таа го напиша предговорот на најновото издание на реномираната историја на европските книжевности „Les Lettres Europeénnes“, во чија едиција се и делата „Ѕиркачот“ и „Човечулец“ на македонскиот пистаел Александар Прокопиев.

„Бизарни раскази“ е издадена како дел од проектот Храбри нови зборови, прекрасни нови светови / Europe is BRAVE NEW WOR(L)DS во рамките на кој пред македонската читателска публика ќе бидат претставени 10 прозни дела од врвни европски автори, преведени на македонски јазик од докажани преведувачи со кои оваа издавачка куќа има долгогодишна соработка.

Издавањето на публикацијата е поддржано од Креативна Европа на Европската Унија и од Министерството за култура на Република Северна Македонија.