fbpx

Мицкоски до 10 септември ќе се изјасни за референдумот, од СДСМ велат дека е несериозен

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизијата „Канал 5“ вчера рече дека до 10 септември ќе соопшти дали ќе го повика членството да го бојкотира референдумот за името на 30 септември, или пак да гласа против или за. Тој исто така негираше дека неговата партија барала амнестија. На неговите тврдења реагираше СДСМ, порачувајќи дека сепак Мицкоски потврдил дека неговата партија барала амнестија на криминалот. Порача и дека

– Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ нема став по ова прашање. Во минатото во многу наврати го има кажано и повторено својот став што се однесува на принципот за промена на Уставот а со цел промена на уставното име. Впрочем кампањата за референдумот почнува на 10 септември. Дотогаш се надевам дека оваа акција ќе трае така што јавноста благовремено ќе биде информирана за сите чекори на ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски за референдумот.

Во интервјуто тој порача дека тврдењата на власта за наводно барање на амнестија од страна на опозицијата се лага. Тој рече дека со ваквите тврдења  кореспондираат со криминалите и скандалозните тендери кои ја тресат владата на СДСМ, а со тврдењето за барање на амнестија Заев и СДСМ се обидуваат да го оттргнат вниманието на јавноста од актуелните скандали.

-Овој дел кој што вие мене ме прашувате коинцидира со периодот исполнет со многу афери во јавноста, коруптивни како што се на пример доделувањата на оние грантови преку оној криминален Фонд за иновации. Потоа тука се оние криминални тендери кои што ги добиваат фирми формирани пред 6-7 дена пред да аплицира на тендер, еве гледаме, сведоци сме како се злоупотребува државен имот за приватни цели. Од прилика тоа беше еден груб обид да се сврти вниманието на јавноста од реалните теми кон некои други теми – рече Мицкоски.

Од СДСМ велат дека Мицкоски директно одбил да одговори на новинарско прашање и со тоа потврдил дека единствено за што се залага партијата е амнестија на криминалот.

„Македонија му кажа збогум на криминалот и црното минато, сега чекори кон ЕУ и НАТО, а таму важат поинакви вредности и правила од оние за кои се залага ВМРО-ДПМНЕ. Сите политички чинители кои се за македонската иднина се одлучни и обединети, освен Мицкоски и тесното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост. На Мицкоски веќе треба да му е јасно дека амнестија за криминалците нема да има, секој ќе одговара согласно законите“, порача СДСМ.

Партијата вели дека „без разлика на неодговорност однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Македонија, на 30 септември, ќе ја искористат историската шанса за напредок“.

„Прашањето на референдумот е јасно и едноставно – иднина или изолација. Доколку Христијан Мицкоски има малку одговорност и сериозност, јавно ќе излезе и ќе каже за која опција навистина е. Обединети се сите политички партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, а само Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се изолирани и се против интергација, во обид да одбранат криминал“, велат од СДСМ.

На интервјуто реагираше и Граѓанско демократска унија (ГДУ), која порача дека со одлагањето да изнесе цврст став за референдумот, Мицкоски се однесува непринципиено и крајно несериозно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...