fbpx

ВМРО-ДПМНЕ со протест пред влада на 18 јуни, од СДСМ порачуваат да не се блокираат важни закони

-

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да организира антивладин протест на 18 јуни пред влада. Во наредниот период ќе продолжи активната блокада на опозицијата на Собранието на РСМ, а воедно од партијата ја оставаат отворена вратата и за дополнителни чекори во периодот што следи. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вчера не обелодени на какви дополнителни чекори размислуваат.

„Членовите констатираа дека активната блокада на штетните политики во Собранието овозможи да излезе на виделина политичкиот пристап на власта. Отсуството на демократски капацитет на Владата се гледа со секој изминат ден“, изјави Муцунски по седницата на Извршниот комитет.

Од владејачката партија СДСМ денеска им порачаа на опозиционерите да не се одолговлекува донесувањето на 30-тина закони, меѓу кои се и оние за намалување на казните, односно за усогласување со Законот за прекршоци. Блокиран е и Законот со кој се обезбедуваат 25 милиони евра за фотонапонски централи со моќност и од 30 мегавати, како и законските измени со кои ќе се обезбеди исплата на средства за тутунарите.

„Народот не сака блокади а во време на најголема економска и енегетска криза и обиди за вешташко создавање криза е неодговорно“, порачуваат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ инсистираат на одржување на предвремени парламентарни избори, додека власта не планира да има избори пред нивниот редовен термин во 2024 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...