fbpx

Народен правобранител: Влошени состојбите во секој сегмент од општеството

-

Зголемен број претставки на граѓаните за работата на правосудството, опаѓање на квалитетот на јавната администрација, дискриминација на Ромите и на Албанците од Министерството за внатрешни работи, говор на омраза, влошување на состојбите во казнено-поправните и во воспитно-поправните установи и несоодветно и непрофесионално менаџирање на овие институции. Ова се само дел од забелешките кои народниот правобранител Иџет Мемети ги нотираше во годишниот извештај.

Мемети вели дека загрижувачки се податоците за бројките на луѓе кои се жалат кај правобранителот.

Забележано е и ненавремено и неефикасно постапување на полициските службеници, зголемување на бројот на поплаки од граѓаните за начинот и за условите во постапките за вработување. Мемети истакна дека ненавремено се исплаќани парични надоместоци, а Министерството за здравство ја попречувало работата на Народниот правобранител.

Во делот за изборите, Народниот правобранител констатирал непрецизна и неконзистентна правна регулатива, која доведува до проблеми во спроведувањето на изборниот процес, а Државната изборна комисија ненавремено и неквалитетно ги ажурирала податоците од избирачкиот список. Нотирана е и неусогласеност на општиот со посебните избирачки списоци.

– Има органи кои упорно ја попречуваат работата на НП. Министерството за внатрешни работи ни праќа само формални одговори, а тоа нè спречува да ја вршиме работатата. Ако погледнете во претходниот извештај, ќе видите дека и лани сме нотирале дека ФЗО и Министерството за здравство многу бавно реагираат на барањата од граѓаните. А оваа година, дете почина поради тоа. Има случај во кој од денот на поднесување барање поминале четири години, а граѓанинот сè уште не добил одговор дали има или нема ретка болест – рече Мемети.

Минатата година, Народниот правбранител добил вкупно 4.249 претставки од 4.331 подносители. Во канцеларијата во Скопје пристигнале 2.365, во Битола 490, во Тетово 347 претставки.

Бројот на предмети, за разлика од 2013 година, е зголемен за 400 случаи. Граѓаните најмногу се жалеле на правосудството, потрошувачките права, финансии и царина, работни односи, социјална заштита, затвори.

Од поднесените претставки, констатирани се 1.278 повреди, од кои во 1.114 биле прифатени интервенциите на Народниот правобранител, а во 72 случаи, иако биле искористени сите законски можности, Народниот правобранител не успеал да им помогне на граѓаните.

Во извештајот е наведно дека Министерството за внатрешни работи, општините, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос во втор степен и Министерството за финансии не постапиле по забелешките на Народниот правобранител.

Одговарајќи на новинарско прашање, правобранителот рече дека за прислушувањето веќе испратил прашања до Министерството за внатрешни работи, Управата за безбедност и контраразузнавање, Собраниската комисија и до други институции, но дека сè уште нема добиено никаков одговор.

– На моја иницијатива, поведов постапка за прислушувањето и уште на почетокот кажав дека се работи за масовно кршење на човековите права – рече Мемети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...