fbpx

За Шврговски, обвинителството е самостоен орган, но не е независен!

-

Поранешниот државен јавен обвинител, Љупчо Шврговски, за „Дојче веле“ не го негира разговорот, во кој, тој бара од Јанкулоска да интервенира кај министерот за правда, Блерим Беџети, за синот на претседателката на Апалацискиот суд, Љупка Арсениевска, да биде избран за обвинител.

– Политиката во однос на тоа кој ќе биде обвинител во основните, во вишите обвинителства и во државното јавно обвинителство, ја протежира Јавниот обвинител на Република Македонија и тој својот предлог го дава пред Советот на јавни обвинители. Можете да проверите, дали има еден стручен соработник во обвинителството кој не би избран за обвинител во мојот мандат. Дури откако бил исполнет тој капацитет со внатрешни кадри, сум протежирал кадри „однадвор“, од адвокатурата, на пример, како што беше случајот со синот на претседателката на Апелацискиот суд – ијзавил Шврговски за „Дојче веле“.

Запрашан зошто за посочениот случај интервенирал преку министерката за внатрешни работи, ако како обвинител можел и сам да протежира одреден кадровски избор, тој одговара дека соработкатата на Обвинителството со извршната власт е сосема легитимна.

– Во јавноста постои непознавање на уставната позиција на Обвинителството. Јавното обвинителство е самостоен и единствен орган, но не е независен. Владата го дава предлогот за избор на државен јавен обвинител, а го именува и го разрешува Собранието. Ние сме истурен дел на извршната власт. Од тој аспект, соработката на обвинителството со извршната власт е легитимна. Уставната позиција ни го дава тој, условно речено, ексклузивитет. Во судството, пак, тоа е невозможно бидејќи судството е независна, трета власт. Обвинителството не е. Во тоа е разликата – вели Шврговски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...