fbpx

СДСМ: Скандалозно е ВМРО-ДПМНЕ да ја оценува основаноста на кривичните пријави

-

За СДСМ е скандалозно тоа што центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ оценува дали поднесените кривични пријави се основани или не, реагираат од најголемата опозициска партија, која денеска поднесе три кривични пријави против премиерот Никола Груевски, директорот на УБК, Сашо Мијалков, министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и против Мартин Протоѓер и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.

„СДСМ пријавите ги поднесе во Јавното обвинителство, а не во ВМРО-ДПМНЕ. Како ВМРО-ДПМНЕ ја знае содржината на пријавите веднаш по поднесувањето? ВМРО-ДПМНЕ со Јавното обвинителство функционира како еден орган. Објавувањето на вистината за Македонија покажа дека криминалното владеење на Никола Груевски и на неколкумина негови соработници е директно поврзана спрега на релација власт – судство“, стои во соопштението од СДСМ.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција дека СДСМ поднела целосно неосновани тужби, без никаква правна аргументација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...