fbpx

Спорните снимки сè уште на „Јутјуб“, МВР „постапува“

-

Снимките од средбата меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на кои двајцата разговараат за доказите од случајот „Бомба“ и за нивното потекло, сè уште се достапни на интернет-сервисот „Јутјуб“.

Обвинителството во вторникот, преку соопштение, информираше дека побарало од Министерството за внатрешни работи (МВР) да стапи во контакт со „Јутјуб“ и да побара отстранување на снимките, но и на сите слични материјали што во иднина би се појавиле на мрежата.

Бидејќи броилото на посетители што ги гледале или ги гледаат спорните снимки на „Јутјуб“ сè уште врти, „Мета“ побара информација од МВР за тоа дали се обратиле до мрежата и побарале отстранување на материјалите.

„Постапуваме по барањето на Јавното обвинителство“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Условите за користење, велат дека „Јутјуб“ може во секое време да го прекине договорниот однос ако:

  • Сте прекршиле одредба од условите (или сте постапиле на начин кој јасно покажува дека немате намера односно не сте во можност да ги почитувате одредбите од условите)
  • Од „Јутјуб“ (YouTube) е побарано тоа да го стори по сила на закон (на пример, ако одредбата од услугата која се однесува на вас е или стане противзаконска)

Од она што може да се види на „Јутјуб“, каналот и сметката на поставувачот на спорните снимки, со псевдоним „хохо лол“, е направен пред два дена и на него освен овие две видеоснимки, насловени „Вистината на виделина 1 и 2“, нема ништо друго, што значи дека е отворен наменски.

Едниот видеозапис, кој трае 20 секунди, досега го прегледале околу 138.000 посетители, а другото е со времетраење од 30 секунди и неговата содржина ја погледнале повеќе од 73.500 луѓе.

При креирањето сметка на „Јутјуб“, постојат услови за користење, своевдиден договор меѓу мрежата и корисникот.

Во делот што се однесува на содржината на материјалот што се поставува, конкретно, во потточката 7.6 стои:

  • „Согласни сте дека нема да објавувате ниту да поставувате содржина која содржи материјал кој е противзаконски да го поседувате во земјата чиј државјанин сте или која би била противзаконска за „Јутјуб“ (YouTube) да може да ја користи или поседува во согласност со одредбите од услугата.“
  • „Доколку добие сознание за потенцијална повреда на овие услови, „Јутјуб“ го задржува правото (но нема обврска) да одлучи дали содржината соодветствува со барањата за содржина кои се изложени во овие услови и може да ја отстрани таквата содржина и/или да ја прекине достапноста на корисникот за поставување содржина која е спротивна на овие услови во секое време, без претходно известување како свое дискрециско право.

Видеозапис на „Нова ТВ“, снимен на првиот студентски протест, кој се одржа на 17 ноември, беше пријавен до видеосервисот „Јутјуб“ како „непристоен“ бидејќи „на снимките од 12:45 до 16:14 минута има нарушување на нечија приватност“. Тогаш „Нова ТВ“ доби писмо од „Јутјуб“ да го отстрани спорниот дел од видеоснимката.

Откако порталот реагираше дека барањето било обид за цензура бидејќи сите снимени материјали што се објавени се снимки направени на јавен настан и претставуваат снимки од јавен интерес, по неколку дена доби одговор дека видеозаписот бил прегледан од вработените на „Јутјуб“, кои одлучиле, базирајќи се на нивните правила, содржината на видеоснимката да не биде отстранета.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...