Јавно обвинителство-Скопје ќе го испитува случајот на Тамара

Основното јавно обвинителство – Скопје, по допрен глас, оформи предмет за случајот со починатото девојче Т.Д. од Велес, за кој вчера известија медиумите, соопштија од ЈО- Скопје.

– Назначен е надлежен јавен обвинител, кој ќе го разгледа предметот и ќе почне постапка за утврдување на фактите и на евентуалната одговорност за смртта – пишува во соопштението.