сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Тамара | 52 резултати

Една година затвор за поседување оружје за дедото на малата Тамара

јуни 27, 2018

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за дедото на малата Тамара од Велес, кој беше осуден на условна казна затвор за поседување оружје по признанието на вина. Одлуката следува по жалбата на Обвинителството. Љупчо Стојановски со одлуката на второстепениот суд е осуден на ефективна казна затвор од 1 година. На 11 јули се закажани завршните зборови […]

Тамара почина чекајќи милост од власта

февруари 10, 2018

Тамара Димовска, 10-годишното девојче од Велес што почина точно пред три години и покрај ветувањата за соодветен третман од страна на тогашниот министер Никола Тодоров и раководство на Фондот за здравство, стана симбол за здравствените политики на тогашната власт. Нејзината смрт додека чекаше операција во Турција беше повод за големи протести пред Министерството за здравство. […]

Судењето за дедото на Тамара одложено за 14 февруари

јануари 22, 2018

Денешното рочиште за Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара од Велес, кој се обиде да го убие поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, е одложено бидејќи Апелацискиот суд ја прифатил жалбата на обвинителството за издвојување на психијатриските вештачења на Стојановски. Судот до наредното рочиште, кое ќе се одржи на 14 февруари, од Министерството за правда […]

Поднесено обвинение за дедото на Тамара кој пукаше во Никола Тодоров

септември 28, 2017

Обвинение за убиство во обид и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи е поднесено против Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара, кој пукаше во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров на 1 јуни годинава, пред примопредавањето на министерската функција. Како што соопшти Основното јавно обвинителство – Скопје, истрагата против Љ.С. е […]

ФЗОМ експресно одговори: Ханита в петок да дојде на преглед на Клиниката за ортопедија

февруари 9, 2016

По протестот по повод едногодишнината од смртта на малата Тамара Димовска од Велес, каде што говореше и Садула Салиу, татко на 11-годишната Ханита, која има иста дијагноза како и починатото девојче, експресно реагираше Фондот за здравствено осигурување. Оттаму во соопштение велат дека „Фондот презема активности и стапи во контакт со родителите, при што утврди дека нема […]

Убијците на Тамара не се „непознати сторители“, порачаа граѓаните

февруари 9, 2016

„Убијци“, „Правда за Тамара“, „Оставка“ скандираа граѓаните што денеска пред зградата на Јавното обвинителство излегоа да искажат револт зашто и по една година Обвинителството сè уште не ги нашло виновниците за смртта на малата Тамара Димовска од Велес. Присутните побараа за смртта на девојчето да одговара и министерот за здравство, Никола Тодоров. – Помина една година откако […]

Денеска напладне пред Обвинителство, протест по повод годишнината од смртта на Тамара

февруари 9, 2016

Денеска напладне, пред Јавното обвинителство во Скопје ќе се одржи протест по повод едногодишнината од смртта на деветгодишната Тамара Димовска од Велес. Организаторите бараат јавниот обвинител итно да покрене обвинение против одговорните за нејзината смрт. Откако настанот беше инициран на социјалната мрежа „Фејсбук“, Јавното обвинителство соопшти дека за овој случај се осомничени повеќе лица. Деветгодишната […]

Софијанова, Парнаџиева-Змејкова и Тодоров не биле на сослушување за Тамара

февруари 8, 2016

Ниту директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, ниту, пак, поранешната директорка на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова, не биле повикани на разговор во Обвинителството за случајот со смртта на Тамара Димовска од Велес. Софијанова во телефонски разговор ни одговори дека не била во Обвинителството за случај кој се води за смртта на Тамара, […]

Кој сè е на списокот на осомничени за смртта на малата Тамара?

февруари 8, 2016

Една година по смртта на малата Тамара Димовска од Велес, Основното јавно обвинителство од Скопје соопшти дека повеќе лица се осомничени за овој случај. Обинителството не ги кажува нивните имиња, точниот број, ниту во која фаза е истрагата. Допрва ќе се види дали списокот на осомничени на обвинителството ќе се совпадне со тој на граѓанските организации. На протестот […]

Утре протест по повод годишнината од смртта на Тамара

февруари 8, 2016

Утре, во 12 часот, пред Јавното обвинителство во Скопје ќе се одржи протест по повод едногодишнината од смртта на деветгодишната Тамара Димовска од Велес. Организаторите бараат јавниот обвинител итно да покрене обвинение против одговорните за нејзината смрт. Откако настанот беше инициран на социјалната мрежа „Фејсбук“, Јавното обвинителство соопшти дека за овој случај се осомничени повеќе […]

Тодоров набројуваше проекти, пратениците му ги редеа трагичните случаи

декември 21, 2015

Денеска на седницата на Собраниeто, на која се расправа за интерпелација на министерот за здравство, Никола Тодоров, пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаскa, обвини дека Тодоров е виновен за смртта на Тамара, смртта на родилката од Гевгелија, за нефункционирањето на „Мој термин“ и за многу други неуспешни проекти. – Господине Тодоров, доста е! Ако во Вас […]

Документарецот за Тамара наскоро и на веб-страницата на „Телма“

ноември 25, 2015

Телевизија „Телма“ го објави документарниот филм „Кога здравствениот систем убава дете“ за малата Тамара Димовска од Велес, која имаше сериозен деформитет на ’рбетниот столб и почина чекајќи одобрение за седмата операција. Документарниот филм на новинарката Билјана Николовска, која ја откри приказната на Тамара, во целост ја објаснува борбата на Тамара со болеста и борбата што семејството […]

Утре протестен марш за малата Тамара

јуни 8, 2015

Утре, по повод четири месеци од смртта на малата Тамара Димовска од Велес, граѓанското движење „Протестирам“ ќе организира протестен марш од пристапот кон Владата на булевар Свети Климент Охридски до Министерството за здравство, на кој ќе побараат оставка и одговорност од министерот за здравство Никола Тодоров. „Оставките на двајцата, сега веќе поранешни директори на ФЗОМ, Маја […]

Народен правобранител: Да слушаа што зборувавме, можеби Тамара немаше да почине

март 27, 2015

Изминативе три години Народниот правобранител предупредува дека можно е да има големи последици од бавните постапки во кои Фондот за здравствено осигурување одлучува дали некој граѓанин ќе биде испратен во странство на лекување, како што, на крајот, се случи и со малата Тамара Димовска од Велес, која почина чекајќи го решението од ФЗОМ. Ова може […]

Одмаздата на Тамара: Забеганите* проекти добија нова единица мерка

март 26, 2015

По текстот на „Мета“, дека парите за панорамското тркало, кое ќе чини 15,5 милиони евра, можат да спасат 516 Тамари, на социјалните мрежи секој трошок на Владата почна да се пресметува во пари за болни лица, луѓе без дом, амбулантни возила, студентски домови. Со вкупно 19,2 милиони евра кои ќе се потрошат за ограда на Владата, […]

Родителите на Тамара од Велес се без работа

март 19, 2015

Родителите на малата Тамара Димовска од Велес, која почина на почетокот на минатиот месец, веќе неколку месеци се без работа. Мајката на Тамара, Жаклина, без работа останала уште во октомври, кога поради обврски околу хуманитарниот концерт за нејзината ќерка, морала да ја напушти работата иако не била формално вработена. Нејзиниот сопруг, кој бил вработен во […]

Тамара Тодевска повторно е сама

март 15, 2015

Тамара Тодевска ја раскинала свршувачката со кошаркарот Александар Димитровски-Мачка и свадбата е откажана, пренесува порталот „За забава“, повикувајќи се на извори блиски до двојката. Тамара пред неколку дена се иселила од заедничкиот дом, каде живеела со Александар, и се вратила кај мајка ѝ. Пејачката во септември минатата есен ја изненади јавноста со својата неочекувана свршувачка, со […]

Парите за панорамското тркало може да спасат 516 Тамари

март 12, 2015

Панорамското тркало што ќе биде поставено на мост на реката Вардар, ќе чини 956 милиони денари, односно речиси 15,55 милиони евра. Оваа сума од 15,5 милиони евра е половина од парите за кои се задолжи Владата пред два дена во вредност од 33 милиони евра и со неа можеа да се спасат 516 Тамари и да […]

Тамара да добие член во Законот!

март 9, 2015

„Членот на Тамара“, со кој ќе се штитат сите понатамошни случаи на деца и на луѓе што заболеле од ретка болест или, пак, имаат итни здравствени проблеми, предлага Огнен Јанески, новинар и активист. Тој оваа идеја првпат ја кажа на протестот за Тамара што се одржа во саботата во Велес. Јанески вели дека на овој начин Тамара […]

Велешани вторпат побараа оставка од Никола Тодоров

март 7, 2015

Околу 200 велешани се собраа денеска во Младинскиот парк да го искажат својот револт кон министерот за здравство, Никола Тодоров, поради смртта на деветгодишната Тамара Димовска. Граѓаните побараа оставка од Тодоров за смртта на малото девојче, но и за сите други проблеми во здравството. Димче Велев, еден од организаторите на протестот, вели дека Тодоров е […]

Страна 1 од 3