fbpx

Заев повторно пред Јавен обвинител

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со својот адвокатски тим, денеска повторно се појави пред надлежен јавен обвинител од Одделот за организиран криминал, а во врска со случајот во кој е осомничен за примање поткуп, јавува телевизијата „24 Вести“.

Заев пред пет дена беше на распит во јавното обвинителството за случајот „Пуч“, каде е четвртоосомничен.

Како што пренесува телевизијата, лидерот на опозицијата во обвинителството се задржал десетина минути. По излегувањето, тој повторно нагласил дека иако кај него не постои верба во правосудните органи, сепак, како што рекол, до крај ќе ги почитува Уставот и законите во Македонија и ќе се одзива на поканите на правосудните органи секогаш кога ќе биде повикан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.