fbpx

Кривични пријави за членови на одборот на директори на поранешен „Транс Велес“

-

Секторот за внатрешни работи Велес, во соработка со надлежното обвинителство, поднело кривични пријави против бугарски државјанин, извршен директор, претседател и против петмина членови на одборот на директори на поранешното акционерско друштво „Транс Велес“ Скопје, осомничени дека ја злоупотребие службената положба и овластување, ставајќи под хипотека недвижен имот на фирмата во износ од 300.000 евра, спортивно на зконските одредби, соопштија од МВР.

Според информациите од МВР, првосомничениот, инаку извршен директор на „Транс Велес“ и член на одборот на директори, преку неговата фирма „Тедико Илија“, како мнозински акционер во друштвото, второосомничениот, претседател, и останатите членови на одборот на директори во 2005 година, и покрај околностите за отворање стечајна постапка, донеле одлука, а потоа склучиле и анекс-договор за ставање допoлнителна хипотека на недвижен имот на акционерското друштво, проценет на 307.800 евра, како гаранција заради обезбедување кредитно барање на фирмата „Тедико Илија“.

Поради неисполнување на обврските од страна на „Тедико Илија“, недвижноста била продадена во вкупна вредност од околу 20,5 милиони денари, сума за која биле оштетени останатите акционери во „Транс Велес“.

Расчистувајќи го случајот, СВР Велес, во соработка со надлежното обвинителство, поднел кривична пријава и против лицето Ј.С. (52) од Велес, извршен директор на акционерското друштво „Велеспром“ во периодот 2000 до јануари 2013 година, кој, исто така, е осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување.

Тој, според полицијата, во 2005 година постапил спротивно на Законот за трговски друштва и без одлука на надлежен орган на „Велеспром“ (одбор на директори и собрание на акционери), самоиницијативно склучил штетен договор и отстапил побарување во износ од 8.391.992 денари во корист на Друштвото за автотранспорт и шпедиција „Транс Велес“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...