fbpx

Кривичните пријави на СДСМ, Oбвинителството „ги зело во работа“

-

Основното јавно обвинителство Скопје денеска попладне со соопштение информира дека кривичните пријави за неовластено прислушување што ги поднесоа СДСМ, лидерот на партијата, Зоран Заев, неговата заменичка, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Тито Петковски и Андреј Жерновски, „биле земени во работа“.

„Притоа се повикани подносителите на кривичните пријави, дел од нив се сослушани пред јавниот обвинител и во тек е преземањето и на други дејства за да се соберат известувања и релевантни докази за одлучување по кривичните пријави“, стои во соопштението.

Од Oбвинителството информираат дека се преземаат мерки и за објавени снимки и материјали, „за кои се коментира дека наводно потекнуваат од примена на посебни истражни мерки“, но во соопштението не е прецизирано на кои снимки и материјали точно се мисли.

Дали станува збор за снимките објавени од опозцијата, снимките од средбата меѓу Никола Груевски и Зоран Заев во кабинетот на премиерот, кои беа објавени на видеомрежата „Јутјуб“ или за снимките од разговорите меѓу Љубе Бошкоски и НН лице, пред изборите во 2011 година, кои, исто така, се најдоа на видеомрежата.

„Јавното обвинителство известува дека се издадени наредби до надлежни органи за преземање мерки и дејства за да се извршат проверки, за да се соберат известувања за тоа кој, кога и на кој начин ги објавил материјалите, нивното потекло, како и сите други правно релевантни податоци“, се наведува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...