fbpx

ССНМ контра Обвинителството: Новинарите имаат обврска да откриваат информации

-

Самостојниот синдикат на новинари ги отфрла заканувачките предупредувања на Основното јавно обвинителоство дека „објавувањето материјали што може да станат предмет на понатамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон“.

„Новинарите кои ќе дојдат до материјали поврзани со информации за потенцијален судир на интереси, за погрешно информирање на јавноста преку изјави или постапки на службени лица, организации или власти, за неетично или незаконско однесување на функционери, за злосторства или сериозни прекршувања на закон – имаат професионална обврска тоа да го објават. Тоа е суштината на фундаменталниот принцип на новинарството – информирање во јавен интерес и почитување на уставното право на јавноста да знае! Тоа е кредото на професијата без оглед што за тоа, другите, вклучително и власта, мислат“, се вели во соопштението од синдикатот.

Оттаму велат дека никакви предупредувања на јавни обвинителства не смеат да бидат оправдување за повлекување од основната задача на новинарството – да го брани јавниот интерес така што ќе ѝ помогне на јавноста, преку информациите што ги пренесува, самата да донесе сопствена одлука и сопствено мислење за прашањата и за случувањата во општеството.

„Затоа новинарите имаат не само право, туку и обврска да откриваат информации за кривични дела и да попречат заведување и манипулирање на јавноста од позиција на моќ“, велат од ССНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...