fbpx

На телата на загинатите во Богданци ќе се врши ДНК-анализа

-

На телата на тројцата работници што вчера ги загубија животите во хаваријата во фабриката „Балкан гасови“ во Богданци, ќе се врши ДНК-анализа за да се утврди нивниот идентитет, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Оттаму информираат дека Основното јавно обвинителство Гевгелија наредило обдукција на телата, која била извршена уште вчера во гевгелиската општа болница, но телата на починатите сè уште не се предадени на семејствата бидејќи се очекуваат резулатите од ДНК-анализата, која треба да заврши за три до седум дена.

Во просторијата каде што биле пронајдени телата на починатите се вршело полнење на мали плински боци, а во просторијата каде се изработувале боците пред полнење работеле двете лица што ја преживеале хаваријата.

„Во разговор со надлежниот обвинител, управителите на фирмата известиле дека во овие простории имало складирано повеќе од 1.000 пакети со мали плински боци, кои биле подготвени за извоз наредниот ден. Освен ова, во дворното место се наоѓале и две цистерни кои во моментот биле полни со гас пропан-бутан и една празна цистерна“, стои во соопштението од обвинителството.

Увидот во фабриката вчера траел цели 12 часа, а по барање на надлежниот обвинител, била повикана увидна екипа од МВР од Скопје, составена од вешти лица од областа на хемијата и на физиката, заради прибирање докази од местото и утврдување на причините за пожарот.

„Извршен е разговор и со единствениот очевидец на настанот, кој единствено можел да потврди дека пожарот почнал од просторијата за полнење на плинските боци. Надлежниот јавен обвинител издаде наредби за правење скица од местото на настанот, фотографирање, видеоснимка, како и за подигнување на остатоците од куќиштето од компјутерската опрема, која била поврзана со видеонадзорот од целата фабрика. Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика на МВР ќе треба да изврши вештачење на податоците од хард-дискот за да се утврдат причините за настанување на пожарот од видеоснимките“, велат од јавното обвинителство.

Оттаму додаваат дека ќе се проверува и целокупната документација за заштита и за безбедност при работа, исправноста и функционирањето на машините и почитувањето на прописите за работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...