fbpx
Таг: Израел

таг: Израел

Пеколот на земјата се врати во Газа, борбите продолжуваат

Борбите во Газа продолжуваат, откако пропаднаа разговорите за продолжување на еднонеделното примирје со Хамас и посредниците рекоа дека израелските бомбардирања ги комплицираат обидите за повторно прекинување на воените дејствија, пишува Ројтерс. Најинтензивни бомбардирања има во источните области на Кан Јунис во јужна Газа каде чад постојано се издига кон небото, соопштуваат новинарите на Ројтерс од терен. Жителите бегааат, со лични предмети...

Примирјето меѓу Израел и Хамас заврши, израелските сили продолжија со напади врз Газа

Утрово заврши седумдневното примирје меѓу Хамас и Израел. Двете страни не стигнаа до договор за продолжување на истото, а Израел тврди дека Хамас во последните часови од примирјето го прекршиле примирјето со тоа што лансирале ракети кон Израел, известува Би-би-си. Во 7 часот локално време, кога беше предвиден крајот на примирјето, израелските одбранбени сили најавија дека продолжуваат со напади во...

Тројца убиени при пукање во Ерусалим утрово

Три лица утрово биле убиени во Ерусалим при вооружен напад, пренесува Би-би-си. Израелските власти велат дека двајцата напаѓачи биле убиени од полицијата и еден вооружен цивил. Напаѓачите, наводно, пукале на автобуска станица за време на утринските гужви. Службата за брза помош соопштува дека најмалку шест лица се повредени, а некои од нив се во критична состојба.

Коен: Хамас е ИСИС, а Израел ќе продолжи да се бори до уништување на Хамас

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен пред почетокот на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје изјави дека неговата земја е посветена на продолжување на борбата против терористичката организација Хамас. „Хамас е ИСИС“, порача министерот Коен од Скопје. Тој додаде дека 7 октомври беше трагичен ден за Израел, како и дека има единствен виновник за целокупното страдање на луѓето во Газа,...

Последниот ден од примирјето меѓу Израел и Хамас, нејасно е дали ќе продолжи

Денес е последниот ден од шестдневното примирје меѓу Израел и Хамас. Сè уште се разменуваат палестински затвореници за дел од заложниците кои беа заробени од Хамас за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври, известува Би-би-си. Според договорот направен пред примирјето, истото требаше да трае четири дена, со можност да се продолжи доколку Хамас се подготвени да ослободат...

Ирска не донесе одлука да го протера израелскиот амбасадор и да го тужи Израел пред судот во Хаг

Нема никаква официјална одлука на Ирска за протерување на израелскиот амбасадор и за поднесување тужба против Израел пред Меѓународниот суд во Хаг, како што тврди објавата што ја анализираме. Станува збор за барање и повик на лидерката на националистичка партија Шин Фејн, Мери лу Мекдонлад, која одржала жесток говор против Израел, притоа изразувајќи голема поддршка за Палестина. Но, Ирскиот...

Израел го продолжи прекинот на огнот, Хамас ќе ослободи нови заложници

Катарските власти соопштија дека Израел и Хамас постигнале договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за уште два дена, пренесува Би-Би-Си. Сепак, засега не се знае дали ваквото привремено затиште може да претставува пат за подолготраен прекин на огнот. Сето тоа зависи од терористичката организација Хамас, која треба да ослободува по 10 заложници дневно за да го одржи во...

Османи: Најважно е да се обезбеди непречен проток на хуманитарната помош за Газа

На покана на високиот претставник и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и заменик премиерот и министер за надворешни работи Кралството Јордан, Ајман Сафади, министерот за надворешни работи Бујар Османи учествува на осмиот регионален форум на Унијата за Медитеранот, во Барселона. Во фокусот на дискусиите е ситуацијата во Израел – палестинските територии и последиците за регионот на Блискиот Исток. Во...

Последен ден од примирјето во Газа, Хамас подготвени да ослободат повеќе заложници

Денеска е последниот ден од предвиденото четиридневно примирје помеѓу Израел и Хамас, известува Би-би-си. Како што беше предвидено во договорот меѓу двете страни, секој ден од петок досега, Хамас ослободува дел од заложниците кои ги имаа заробено за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври, додека Израел ослободува палестински затвореници, најмногу жени и малолетници. Според договорот меѓу Израел...

Хамас продолжува со ослободувањето на заложници

Денес се очекува Хамас да ослободи 13 од заложниците кои ги имаа заробено на 7 октомври, известува Гардијан. Примирјето продолжува во Газа. Вчера беа ослободени 24 заложници од Хамас, 9 повеќе од најавените 13. Од ослободените, десет беа израелски државјани, 13 тајландски државјани и еден филипински државјанин. Тие беа однесени во Египет преку граничниот премин Рафах, па потоа со хеликоптер...

Видео од 2013 година од болница во Египет, претставено дека е од болницата Ал Шифа во Газа

Видеоматеријалот што се споделува на Фејсбук не е направен сега – ноември 2023 година, во болницата во Газа, туку е снимен пред 10 години во болница во Каиро. Видеоматеријалот е погрешно означен поради што во објавата се пропушта контекстот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува напис...

Започна четиридневното привремено примирје меѓу Израел и Хамас

По неколку недели изјави околу потенцијално примирје од високи функционери од Израел, Хамас и САД, а и по неколку одложувања, денеска во 7 часот наутро конечно започна привременото четиридневно примирје меѓу Израел и Хамас, известува Би-би-си. Договорот за примирјето вклучува и размена на палестински затвореници во Израел за дел од израелските заложници заробени од Хамас за време на нивниот...

Најрано до утре одложено привременото примирје меѓу Израел и Хамас

Привременото примирје за ослободување на заложниците меѓу Израел и Хамас кое требаше да се случи денеска е одложено „во последен момент“, најрано за утре, јавуваат светските агенции. Повикувајќи се на палестински функционер, медиумите пренесуваат дека одложувањето е поради договарање детали во последен момент за тоа кои заложници ќе бидат ослободени и на кој начин, пренесе Би-би-си. Израел и Хамас вчера се...

Баркодот не ја означува земјата на потекло на производот

Во објавата што ја рецензираме невистинито се сугерира дека ако баркодот на производот почнува со цифрите 729, тоа значи дека тој е произведен во Израел, што според компанијата која ги доделува баркодовите не е точно. Цифрата 729 само означува дека баркодот бил доделен од организација во Израел, а самиот производ можел да биде направен каде било во светот. Така...

Израел и Хамас се согласија на привремено примирје за да се ослободат 50 заложници

Откако функционери на Хамас и САД изминатите денови изјавија дека договор за привремено примирје во Газа е на дофат, Израел потврди дека стигнале до договор со Хамас, кој би вклучувал размена палестински затворенизи во Израел за заложниците кои Хамас ги заробија за време на нивниот на напад врз Израел на 7 октомври, известува Би-би-си. Според договорот, Хамас ќе ослободи 50...

Студенти од Харвард го напуштија предавањето на израелскиот конзул, но во 2019 година

Оваа случка навистина се случила, меѓутоа не сега – ноември 2023 година и не како знак на солидарност со повеќе од 4 илјади брутално убиени деца, како што тврди објавата на Фејсбук, туку во 2019 година. Видеоматеријалот е објавен од страна на медиумот Middle East Eye, на 14 ноември 2019 година. Така што, настанот прикажан на видеото воопшто не...

Хамас и САД велат дека во финална фаза е договорот за ослободување на заложниците

Неколку извори од Хамас велат дека договорот за ослободување на заложниците кои беа заробени од Хамас за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври е речиси готов, известува Би-би-си. Хамас се подготвени да го прифатат договорот. Лидерот на Хамас Исмаил Ханијех, кој живее во Катар, испрати изјава до Франс-прес (АФП) и други новински агенции оти се блиску до...

Шолц не глумел дека имало ракетен напад пред да го напушти аеродромот во Тел Авив

Не може да се каже дека сите медиуми биле ставени во корист на некаква си пропаганда на Нетанјаху, како што тврди објавата. Од видеата јасно се слушаат сирените за воздушен напад и се гледаат ракети (според пишувањата тоа се ракети од противвоздушната одбрана на Израел кои ги одбиле ракетите на Хамас). Обезбедувањето на германскиот канцелар, според безбедносните протоколи морало...

Преговори меѓу Израел и Хамас – ослободување на заложници за прекин на огнот

Додека траат жестоките борби меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, двете страни веќе извесно време преговараат за размена на дел од заложниците што ги зароби Хамас во замена за краток прекин на огнот. Би-би-си пишува дека постојат знаци за напредок на неколкунеделните индиректни преговори за заложници, во кои како посредници се вклучени САД и Катар. Амбасадорот на Израел во...

Во Њујорк не е поставен билборд на кој пораката „поддршка за Украина“ се менува со „поддршка за Израел“

Видеоматеријал, кој е графички обработен лажно прикажува дека во Њујорк се појавил дигитален билборд на кој пораката „Ја поддржуваме Украина“ е потисната со порака „Го поддржуваме Израел“. Станува збор за графички обработен видеоматеријал. На оваа проминентна локација во Њујорк никогаш не постоел билбордот од видеото. Корисници на Твитер, кои отидоа да проверат што има на посочената локација, фотографираа дека...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...