fbpx

Најрано до утре одложено привременото примирје меѓу Израел и Хамас

Времето за почеток на договорот за привремен прекин на огнот ќе биде објавено во следните неколку часа“, се вели во најновото соопштение на Министерството за надворешни работи на Катар

-

Привременото примирје за ослободување на заложниците меѓу Израел и Хамас кое требаше да се случи денеска е одложено „во последен момент“, најрано за утре, јавуваат светските агенции.

Повикувајќи се на палестински функционер, медиумите пренесуваат дека одложувањето е поради договарање детали во последен момент за тоа кои заложници ќе бидат ослободени и на кој начин, пренесе Би-би-си.

Израел и Хамас вчера се согласија за четиридневен прекин на огнот во војната во Газа – дипломатски напредок со кој би требало да бидат ослободени десетици заложници држени од милитантите на Хамас, како и Палестинците затворени во Израел, а истиот треба да донесе голем прилив на хуманитарна помош за Газа.

Времето за почеток на договорот за привремен прекин на огнот ќе биде објавено во следните неколку часа“, се вели во најновото соопштение на Министерството за надворешни работи на Катар.

Портпаролот изјавува дека преговорите продолжуваат, и со Израел и со Хамас, заедно со партнерите во Египет и САД „со цел да се обезбеди брз почеток на паузата и да се обезбеди она што е неопходно за да се обезбеди придржување на страните до договорот“.

Главниот преговарач на Катар за разговорите, Мохамед ал-Хулаифи, во интервју за Си-Ен-Ен вели: „Нашата работа не е завршена“.

„Ние сè уште ќе продолжиме да разговараме со страните, да деескалираме и да бараме подолг период на прекин на огнот“.

Примирјето ги зголеми надежите за евентуален прекин на војната, која беше поттикната од нападот на Хамас во Израел на 7 октомври, кога загинаа 1.400 луѓе од кои најголем број цивили. Војната сега влегува во седмата недела, израмнети со земја се огромни делови од Газа, а ги поттикна и стравувањата од поширок пожар низ Блискиот Исток.

Но, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференцијата рече дека војната ќе продолжи по истекот на примирјето. Целите на Израел, рече тој, се да ги уништи воените капацитети на Хамас и да ги врати сите 240 заложници заробени во Газа.

Жителите на Газа изјавија дека борбите се интензивирале во текот на ноќта, со пукотници, тешка артилерија и воздушни напади. Палестинските милитанти продолжија да гаѓаат ракети кон Израел во текот на целиот ден. Не се евидентирани човечки жртви.

Во меѓувреме, шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон пристигна во Израел.

„Сакав самиот да дојдам овде за да ги видам ужасите на нападите што ги претрпевте на 7 октомври“, рече тој.

Камерон за денеска има закажани средби со израелските политичари и семејствата на некои од заложниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...