fbpx

Пожарот во тетовско Фалише сè уште е активен, 24 часа пожарникарите го гаснат магацинот полн со бои и лакови

Екологистите предупредуваат на големи последици од ослободените штетни материи во воздухот кои ќе имаат влијание врз здравјето на луѓето и бараат спроведување строги контроли

-

Пожарот во тетовското село Фалише сè уште е активен. Иако со значително намален обем на местото сè уште има пламен и чад. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информирааат дека тетовските пожарникари гаснеле непрекинато во текот на целата ноќ и продолжуваат со гаснење.

„Се очекува целосно да биде изгаснат во наредните неколу часа“, велат од ЦУК.

Екологистите предупредуваат на големи последици од ослободените штетни материи во воздухот кои ќе имаат влијание врз здравјето на луѓето и бараат спроведување строги контроли.

Пожарот во Фалише е активен речиси 24 часа. Според првите проценки, гореа околу 100 тони бои и лакови горат складирани во магацин во фирмата за бои и лакови „Евроком“.

„Се работи за голема количина, можеби и сто тони бои и лакови кои се зафатени од огнот и мислам дека сите се изгорени. По информацијата, веднаш се упатија противпожарни возила од Скопје, Тетово, Велес и Куманово. Постои опасност целата зграда да се сруши, како и ѕидовите, па затоа баравме да се забрани движење по околните улички за да не настрада некој и сите кои немаат работа да се оддалечат од овде“, рече вчера директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Тој предупреди дека квалитетот на воздухот е многу низок и апелираше населението да не отвора прозорци и да не се движи надвор.

„Зборував со одговорните во Министерството за животна средина и просторно планирање, тие немаат станица која би ни дала информација за квалитетот на воздухот. Стапивме во контакт со АРМ, баравме контакт со тимот од биолошко и хемиско оружје кои минатиот пат ги искористивме за испитување на евентуални отрови на воздухот“, додаде Ангелов.

Гори магацин во тетовско со 100 тони бои и лакови, жителите да затворат прозорци

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...