fbpx

Шведскиот министер Џонсон: Шведска мора наскоро да се приклучи на НАТО за да ја спречи руската закана

Шведска ја поднесе својата апликација за НАТО истовремено со Финска во мај минатата година, кога двете земји се откажаа од својата воена неутралност по целосната инвазија на Владимир Путин врз Украина

-

Шведска мора да стане полноправна членка на НАТО што е можно поскоро за да ја спречи заканата од Русија, рече шведскиот министер за одбрана Пал Џонсон, додека во Стокхолм се зголемува нетрпеливоста околу нејзиниот бавен пат кон пристапувањето во Алијансата.

Како што пренесува Гардијан, Џонсон рече дека не може да постави временска рамка за завршување на процесот на одобрување на нејзиното членство во НАТО, но е уверен оти Турција и Унгарија – двете преостанати членки кои треба да го ратификуваат нејзиното членство, ќе го сторат тоа.

„Ние не сакаме да ја отпишеме Русија како закана бидејќи Русија покажа издржливост во Украина. Значи, мораме да се држиме тоа и го правиме тоа на најдобар начин со зајакнување на нашите национални слабости и целосно интегрирање во НАТО што е можно поскоро“, изјавил Џонсон за Гардијан.

Шведска ја поднесе својата апликација за НАТО истовремено со Финска во мај минатата година, кога двете земји се откажаа од својата воена неутралност по целосната инвазија на Владимир Путин врз Украина. Во април годинава, Финска официјално стана членка на НАТО, додека Шведска чека одобрение од Турција и Унгарија.

Во јули, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се согласи да го проследи протоколот за пристапување на Шведска до парламентот што е можно поскоро, по разговорите со шведскиот премиер Улф Кристерсон. Но, минатата недела, турскиот комитет за надворешни работи соопшти дека го одложува изгласувањето на протоколот, велејќи дека не е време за одлука.

Постои неизвесност и околу намерите на Унгарија, иако Џонсон кажа дека Будимпешта го уверила Стокхолм оти нема да бидат последната земја што ќе го ратификува шведското пристапување кон НАТО.

Унгарија минатата недела рече дека не е подготвена да го ратификува членството на Шведска, и покрај тоа што премиерот Виктор Орбан претходно изјави дека одобрувањето е само „техничка работа“.

И покрај овие одложувања, министерот Џонсон кој доаѓа од редовите на шведската Умерена партија, рече дека останува уверен во иднината на Шведска во НАТО.

„Сега сме побезбедни отколку што бевме пред да бараме членство во НАТО, преку безбедносни гаранции што ги добивме од САД, Велика Британија, Германија, Франција и другите нордиски земји“, рече Џонсон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...