fbpx

Од државите во регионот, само во Македонија го нема инструментот уставна жалба

Без уставна жалба, граѓаните не можат да се жалат пред Уставен суд за прекршување на многу права и слободи како што се загадувањето, прислушувањето, прекршувањето на правото на наследство, на мајчинство, на сопственост

-

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска повика на поддршка од сите политички чинители за воведување на уставна жалба во С. Македонија. Таа денеска се обрати на Регионалната конференција, која се одржа со цел промоција на потребата од воведување на уставна жалба. Без уставна жалба, граѓаните не можат да се жалат пред Уставниот суд за прекршување на многу права и слободи, како што се загадувањето, прислушувањето, прекршувањето на правото на наследство, на мајчинство, на сопственост…

„Нашиот Устав е современ, но не и сеопфатен акт, а неговата содржина од осамостојувањето до денес е редизајнирана парцијално, и по потреба, и тоа најчесто за одредена категорија граѓани. Затоа во оваа еуфорична атмосфера на пребројување „за и против” отворање на Уставот е важно да се повтори дека со воведување на уставната жалба, придобивки ќе имаат сите граѓани, од сите националности и политички припадности“, рече Кацарска.

Претседателката кажа дека изминатите триесетина години архивата на судот бележи стотици пропаднати барања бидејќи не се заштитило некое право или некому му била ускратена слободата по конкретен основ само затоа што Уставниот суд нема надлежност да одлучува по сите основи, освен по еден член а тоа е 110 алинеја 3 од Уставот. Уставно-судската пракса во овој поглед лоцира сериозна аномалија при отсутност на заштитни механизми.

„Ова подразбира дека барање за заштита на слободи и права може да се поднесе само доколку некој е дискриминиран по основ на пол, раса, религија, етничка, политичка, национална и социјална припадност. Уставот му овозможува на секој граѓанин слободно да ја изрази својата мисла, слобода на уверување, политичко здружување и дејствување и доколку е попречен во тоа изразување да побара заштита пред Уставниот суд. Но, овде зборуваме за заштита која ја предвидел само еден член од Уставот, па оттука се наметнува прашањето, колкава е придобивката на граѓаните ако само знаат дека во Уставот имаат бројни права, а не може да бараат уставна заштита за сите?“, праша таа.

Претседателот на државата Стево Пендаровски изрази безрезервна поддршка за Уставниот суд во барањето за воведување на уставна жалба од која придобивки ќе имаат сите граѓани.

„Иако досега постоеја повеќе иницијативи за измена на Уставот во оваа насока, за жал, цела серија парламентарни состави не собраа сила тоа да го направат, а дискусиите за измени на Уставот, со цел, воведување на уставната тужба завршуваа во партиско-политички пазарења и надмудрувања за сосема други прашања кои немаат никаква врска со темата. Се надевам дека во скора иднина и политичката, освен стручната јавност, ќе ја разбере важноста на воведувањето на уставната тужба како важен сегмент во реформите и чекор кон зајакнување на системот за заштита на човековите права и слободи“, додаде Пендаровски.

Во услови на непостоење на категоријата на уставна тужба во нашиот поредок, Уставниот суд има можност да ја афирмира својата улога на заштитник на човековите права и слободи и во постојните рамки.

„Тука мислам на вашата надлежност за постапување по барањата за заштита на слободите и правата, а особено во заштитата од дискриминација“, кажа Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...