fbpx

СЗО бара од Кина повеќе детали за необјаснетата појава на детска пневмонија

Воопшто не е јасно кога започна оваа епидемија, бидејќи е невообичаено толку многу деца да бидат погодени толку брзо, велат од Програмата за следење на нови болести на Меѓународното друштво за заразни болести (ПроМЕД) во врска со распространета појава на недијагностицирана респираторна болест низ неколку области во Кина

-

Светската здравствена организација (СЗО), бара повеќе информации од кинеските власти во однос на зголемениот број респираторни заболувања и пневмонија кај децата во Кина.

Си-ен-ен пренесува дека официјални лица од кинеската Национална здравствена комисија известиле за зголемување на респираторните заболувања на прес-конференција минатата недела.

„Кинеските власти тврдат дека ова зголемување на случаите е поради укинувањето на мерките за Ковид-19 и циркулацијата на веќе познати патогени како што се грипот  САРС-КоВ-2 (вирусот што предизвикува KОВИД-19)”, се вели во соопштението на СЗО.

Групи на недијагностицирани случаи на педијатриска пневмонија се пријавени и на северот од земјата, велат од организацијата, но не е јасно дали тие се поврзани со респираторните инфекции.

Кина водеше политика позната како нула-ковид, која се состои од строги изолации и карантин, масовно тестирање и ригорозно следење на контактите – сè додека не ја укина стратегијата во декември. Овие мерки против Ковид, исто така, го ограничуваат ширењето на почестите бактерии, велат експертите, создавајќи „имунитетен јаз“ што може да ги направи луѓето поранливи на инфекции кога ќе престанат да преземаат мерки на претпазливост.

„Воопшто не е јасно кога започна оваа епидемија, бидејќи е невообичаено толку многу деца да бидат погодени толку брзо“, велат од Програмата за следење на нови болести на Меѓународното друштво за заразни болести (ПроМЕД) во врска со распространета појава на недијагностицирана респираторна болест во неколку области во Кина.

Од ПроМЕД велат дека чекаат дополнителни информации за опсегот на проблемот, но и дека е рано да се носат било какви заклучоци.

Дополнително, СЗО од Кина бара епидемиолошки и клинички информации, лабораториски резултати од овие кластери и детали за трендовите во циркулацијата на патогените.

Организацијата ги советува граѓаните на Кина да бидат претпазливи за да го намалат ризикот од респираторни заболувања и да ги примаат препорачаните вакцини, да се изолираат кога се болни и да носат маски кога се во контакт со поголеми групи луѓе.

ИзворCNN

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...