fbpx
Таг: Израел

таг: Израел

Во Тел Авив имало масовни протести против Нетанјаху, но во март, а не сега

Објавата што ја анализираме манипулира така што старо видео од масовни протести во Тел Авив против премиерот Нетанјаху, претставено како да прикажува нови протести во време кога е актуелна војната во Појасот Газа. Од нападот на Хамас на 7 октомври, во Израел се одржале неколку протести, но тие се далеку од масовни, бидејќи јавноста е незадоволна што премиерот не...

Протест за солидарност со Палестина во сабота пред влада

Социјалниот центар „Дуња“ најави дека во сабота, 18 ноември, ќе се одржи протест пред Владата во Скопје за солидарност со палестинскиот народ, како реакција на нападот на Израел врз Газа по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври. Протестот ќе започне во 11:55 часот. Организаторите велат дека поддржуваат итен прекин на нападот на Израел над Газа и операциите во Западниот Брег. Дополнително,...

Болницата во Газа веќе не функционира, неизвесна судбината на 36 новороденчиња

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека болницата Ал-Шифа во градот Газа повеќе не функционира како болница, пренесе Би-Би-Си. Според шефот на СЗО, Тедрос Аданом, во областа околу болницата има постојани пукотници и бомбашки напади, што ги влошило и онака веќе критичните околности. Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, вели дека повеќе од 2.000 луѓе се наоѓаат во Ал-Шифа,...

Папата Франциск побара прекин на непријателствата меѓу Израелците и Палестинците и многу повеќе помош за Газа

Архивска фотографија од Папата Франциск, 2016 година | Фото: Long Thiên, CC BY-SA 2.0, Викимедија комонс
Папата Франциск денеска повторно апелираше за прекин на непријателствата меѓу Израелците и Палестинците и побара многу повеќе хуманитарна помош за Газа. „Доста, доста, браќа, доста“, рече Франциск, обраќајќи се на присутните на плоштадот Свети Петар по неговата неделна молитва. Папата побара ранетите во Појасот Газа веднаш да се згрижат и да се обезбеди заштита на цивилите. Тој, исто така, рече...

Преминот Рафах повторно отворен за евакуација на болни од Газа и за достава на помош и храна

Граничниот премин Рафах од појасот Газа кон Египет денеска повторно ќе биде отворен за странски државјани. Како што објави Граничната управа на Газа преку копнениот премин, кој е единствениот влез во појасот што не е контролиран од Израел, ќе се користи и за Палестинците на кои им е потребна итна медицинска помош, како и за камионите со медицинска помош...

Најголемата болница во Газа опколена од израелски војници и без струја

Среде трагедијата во болницата „Шифа“, на повиците од своите западни сојузници денеска Израел да стори повеќе за заштита на палестинските цивили, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не реагираше во позитивна насока. Израелските војници ја опколија најголемата болница во Газа, која е без струја, и според лекарите, досега пет пациенти починале, вклучувајќи и едно предвреме донесено на свет новороденче, бидејќи и последниот...

Јемен не му објави војна на Израел

Откако бунтовничката група Хути го таргетираше Израел со воздушни напади, на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави дезинформација, според која „Јемен му објавила војна на Израел“. Ама ова не е точно. Хутите не се интернационално признаена влада на Јемен, но под нивна контрола е главниот град на Јемен. Повеќе експерти за меѓународни односи и познавачи на политичката состојба во Јемен...

Најсмртоносниот месец за медиумските работници – по еден новинар дневно го губи животот во Газа

Во просек по еден новинар дневно го губи животот откако започна израелската контраофанзива во Газа, како одговор на терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври. Според Комитетот за заштита на новинари (CPJ) ова е најсмртоносниот месец за новинарите откако се води ваква статистика, односно од 1992 година. Според Комитетот, од 7 октомври годинава, убиени се најмалку 39 новинари, осум се ...

Израелските сили во центарот на Газа, жителите чекаат прекин на огнот

Војници на израелските сили утринава ја опкружуваат болницата Ал Шифа во центарот на Газа, додека се водат интензивни борби со борците на Хамас во нејзината околина. Илјадници жители на Газа, заедно со локални новинари, се наоѓаат во болницата, пишува Би-би-си. Би-би-си пренесува дека на социјалните мрежи може да се видат видеа, на кои се гледаат мртви деца и сцени на...

Хамас киднапирал девојка со македонски корени, се апелира за помош и од македонска страна

Наама Леви, 19-годишна Израелка со одредени македонски корени, која била борец за мир и контактирала со Палестинците и се борела за мирни разговори меѓу двете страни во Израел, била киднапирана од палестинското милитантно движење Хамас во првичниот серијал жестоки напади и упади во Израел извршени од Хамас, јави „Гласот на Америка“ во својот сервис на македонски јазик. За ситуацијата алармира...

Германскиот претседател ги повика Арапите да го осудат Хамас

Полицијата за само еден месец регистрирала повеќе од 2.600 кривични дела на територијата на Германија кои се поврзани со судирот на Блискиот Исток меѓу Израел и Хамас, пишува германската новинска агенција ДПА. Најчестите кривични дела што биле извршени се оштетувања на имот, предизвикување омраза и граѓанска непослушност, при што бројот на насилни престапи е троцифрен. Посебна контроверзност предизвикуваат пропалестинските демонстрации...

Манипулација за минимизирање на украинските жртви од руската агресија

Објавата прави манипулација, изнесувајќи погрешни информации со цел да се занемари руската агресија во Украина и украинските цивилни жртви. Уште пострашно е што се прави некаква споредба со загинати деца и што се прави обид за минимизирање на детските жртви во Украина, пишувајќи со потценување дека во Мариупол загинало само едно дете кое било сирак. Убивањето невини деца како...

Фотографија од Ирак стара 20 години се споделува како да е направена сега во Газа

Фотографијата која е прикачена на Фејсбук објавата и на која се гледат повеќе посмртни останки, нема никаква врска со цивилните жртви во Газа, туку е стара 20 години и е снимена во Ирак. Фотографијата е на Марко ди Лауро, направена е  на 27 мај 2003 година во Ал Мусајиб во Ирак. Иако е од огромна важност јавноста да биде...

Џонатан Конрикус: Мисијата е да се разбие секое упориште на Хамас што е закопано во бункери

Портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус го опиша раководството на Хамас во и надвор од Газа како „мртовци што шетаат“. Тој објави видео на Твитер, во кое ги опишува борбите и ситуацијата на терен, пренесува „Гардијан“. „Мисијата е едноставно да се разбие секое упориште на Хамас што е закопано под земја во бункери. Тоа го правиме бавно и педантно според...

Нетанјаху не отстапува: Ќе продолжиме додека не победиме

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху останува на ставот дека примирје нема да има сè додека не се ослободени сите израелски заложници задржани од Хамас. Со својата копнена офанзива против исламистичкиот Хамас по масакрот врз Израелците во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе, израелската војска го пресече Појасот Газа на два дела и сега го опколи градот Газа. „Што се однесува до...

Зеленски не е оставен сам да се снаоѓа, а „смарт-мобилизација“ е пилот проект во најава

Наспроти изнесеното во објавата дека Зеленски е напуштен и оставен самиот да се снаоѓа. САД на 26 октомври испрати пакет со воена помош од 150 милиони долари за Украина, а Европската комисија исплати 1.5 милијарди евра од пакетот за макрофинансиска помош за Украина. Онлајн мобилизацијата е пилот програма, со која на Украинците ќе им се овозможи зависно од нивните...

Појасот Газа сега е поделен на два дела, тврди Израел

Израелската војска доцна синоќа објави дека го опколила градот Газа и го поделила опколениот крајбрежен појас на два дела, откако оваа територија се најде под трет целосен прекин на комуникациите од почетокот на војната. Како што пренесува Гласот на Америка, портпаролот на Израелските одбранбени сили Даниел Хагари изјавил дека израелската војска го опколила градот Газа и „сега постои јужна Газа...

ОН донесе уште една резолуција за конфликтот во Газа, Македонија и балканските земји воздржани

Генералното собрание на Обединетите нации во петокот минатата седмица (27.10.2023 г.) усвои резолуција за кризата во Газа, повикувајќи на „итно, трајно и одржливо хуманитарно примирје што ќе доведе до прекин на непријателствата“. Како што соопшти ОН на својата официјална веб-страница оваа резолуција „го прекинува ќор-сокакот во ОН во врска со одговорот на израелско-палестинската криза која избувна на 7 октомври, при...

Турција го отповика амбасадорот на Израел

Турција соопшти дека го отповикува својот амбасадор во Израел поради одбивањето на Израел да се согласи на прекин на огнот во Газа, пренесува Тајмс оф Израел (Times of Israel). Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Сакир Озкан Торунлар бил отповикан „со оглед на хуманитарната трагедија во Газа предизвикана од континуираните напади на Израел против цивили и одбивањето на Израел...

Зеленски не спроведува ,,екстремистички режим на етничко чистење и геноцид”

Украина е република со претседателско-парламентарен систем на владеење, што е дефинирано со Уставот од 1996 година. Непосредно пред Русија да ја нападне Украина во февруари 2022 година, Москва лажно ја обвинуваше Украина за геноцид на граѓаните што зборуваат руски јазик во регионот Донбас. Путин го користеше овој наратив  за да ја оправда инвазијата врз Украина, но нема докази за...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...