fbpx
Таг: Израел

таг: Израел

Палестинците бараат израелската окупација да заврши до крајот на 2017 година

Палестинците во Советот за безбедност на ОН поднеле нацрт-резолуција во која како последен рок за ставање крај на окупацијата на палестинските територии се наведува декември 2017 година. Во текстот на резолуцијата, се наведува дека е потребно да се постигне „праведен и траен мир во следните 12 месеци“. „Целосно повлекување на израелските безбедносни сили на окупираните територии.... во разумна временска рамка која не смее да...

Нетанјаху го отфрли палестинскиот ултиматум

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ги отфрли сите палестински обиди да му постават ултиматум на Израел за ставање крај на окупацијата со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации. - Нема да ги прифатиме обидите да ни диктираат унилатерални потези. Во реалноста во која исламскиот тероризам пристига од сите страни на светот, го отфрламе секој обид што ќе доведе тероризам...

Нападната амбасадата на Израел во Атина

Израелската амбасада во Атина беше мета на вооружен напад рано изутринава. Зградата на амбасадата во атинската населба Нео Психико била нападната околу 3 часот наутро, со оружје од типот „калашников“. Околу зградата се најдени 54 истрелани куршуми. Во нападот нема повредени и причинета е само голема материјална штета на фасадата на амбасадата. Полицијата го води случајот како терористички напад, а...

(ВИДЕО) Палестински министер почина после судирите со израелската војска

Зиад Сабу Зеин, министер во Палестинската управа на Махмуд Абас, денеска почина откако израелските војници го туркаа и го удираа за време на протестите на Западниот Брег, соопштија лекарите. Брзата помош го собра Зеин, министер без портфељ, од местото на конфликтот, но тој починал на пат кон болницата во Рамала. Снимка од судирите, кои почнаа откако палестинските демонстранти ги нападнаа...

Пратениците од Израел изгласаа распуштање на парламентот

Распуштање на Кнесетот (парламент) изгласаа, израелските пратеници вчеравечер. Со тоа се отвори патот за предвремени парламентарни избори на 17 март 2015 година, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху смени двајца министри од својот кабинет од центристичките партии. Во Кнесетот кој брои 120 пратеници, за распуштање на парламентот гласаа 93 пратеници, а никој не гласаше против оваа одлука.  

Францускиот парламент неофицијално ја призна Палестина

Долниот дом на Пѓпарламентот на Франција денеска изгласа резолуција за признавање на Палестина и апелираше владата да го направи тоа, со надеж дека тоа ќе ги забрза напорите за ставање крај на деценискиот судир. „За“ гласаа 339 пратеници, а 151 беа „против“. Резолуцијата не е обврзувачка, туку претставува симболичен поттик за Палестинците. Во усвоениот документ се повикува владата да ја признае...

Се распушта парламентот на Израел

Израелските пратеници денеска ќе гласаат за распуштање на парламентот за да се овозможи организирање на предвремени избори. Денешното гласање е прелиминарно, а ќе се гласа следната недела, кога се очекува Кнесетот официјално да се распушти. Со тоа ќе се отвори пат изборите да се организираат две години порано. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот смени два министра од центристичките партии, кои не...

Израел урива домови на палестински екстремисти

Израелската војска утринава јa урна куќата на Палестинецот што во октомври, со автомобил, влета во група лица на железничката станица во Ерусалим, убивајќи тримесечно бебе и една жена. Казнениот потег следеше откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека ќе победи во „борбата за Ерусалим“, по вчерашниот напад на синагога во Ерусалим, во кој загинаа пет Евреи, вклучувајќи четири лица кои дошле...

Нетанјаху: Израел ќе одговори на смртоносниот напад на синагогата

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека Израел ќе „одговори остро“ на смртоносниот напад на синагогата во Ерусалим. Според израелскиот премиер, нападот, во кој загинаа четворица Евреи, претставува „брутално убиство на Евреи кои дошле да се молат, а ги убија гнасни убици“. Двајца палестински напаѓачи упаднаа во синагога во ерусалимскиот ултраортодоксeн кварт Хар Ноф и ги нападнаа верниците со ножеви, секири...

(ВИДЕО) Израел: Еден загинат и тројца повредени со нож

Четиринаесетгодишно израелско девојче е избодено со нож на Западниот Брег, неколку часа откако израелски војник со нож беше ранет во Тел Авив. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани дека ќе одговори на насилството на Арапите. Две други лица беа избодени на автобуска станица во близина на еврејската населба Алон Швут. Лицата се полесно повредени, а чувар на населбата стрелал во напаѓачот,...

Грција и Кипар пред договор со Израел за слободна економска зона

Откако Грција и Кипар во текот на викендот во Каиро, потпишаа идентичен документ со Египет, што предвидува исцртување на заедничка посебна економска зона, сега се подготвуваат да потпишат спогодба со Израел, пишува весникот „Етнос“. Со оваа се отвора патот за подготовка и за реализација на новата тристрана средба, овојпат меѓу Грција, Кипар и Израел. Веста за подготвената трилатерала беше потврдена и од...

Недела на израелски филм во Кинотека на Македонија

Ова е прво вакво претставување на израелската кинематографија во Кинотеката
Неделата на израелски филм во Кинотеката на Македонија ќе биде отворена в недела, а од понеделник, публиката ќе може да ги проследи петте филмови од овој циклус: „Посета на оркестарот“, „Стројникот“, „Летото на Авија“ и Скршено стакло“. Неделата на израелски филм ќе заврши со филмот „Ноќва“. Ова е прво вакво претставување на израелската кинематографија во Кинотека, од каде се надеваат дека ќе прерасне...

АИ го обвини Израел за воени злосторства

Водечката светска организација за заштита на човековите права, „Амнести интернешенел“ (АИ) го обвини Израел дека летово извршил воени злосторства во Газа. АИ го обвини Израел за „бесчувствителна рамнодушност“ додека ги напаѓал семејните куќи во густо населениот крајбрежен појас Газа и оти таа рамнодушност во одредени случаи е еднаква на воени злосторства. Израелското министерство за надворешни работи го отфрли наодите од извештајот...

Израел донесе закон кој ќе го блокира ослободувањето затвореници

Израелскиот парламент го усвои законот кој би можел да го блокира ослободувањето на палестинските затвореници обвинети за убиство во некои идни мировни преговори, соопшти портпаролот на парламентот. Израелскиот парламент, Кнесет, доцна синоќа, со 35 гласови „за“ и со 15 „против“, го донесе законот што го предложи една од партиите од десницата, а владата го одобри во јуни. Законот им дава овластување на...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...