fbpx
Таг: Израел

таг: Израел

Израелската војска го блокира влезот на Рамала

Израелските сили за безбедност денеска го блокираа влезот во Рамала за лица што не живеат во овој град на Западниот Брег, каде се наоѓа седиштето на палестинските власти, соопштија властите во Ерусалим. Голем број лица што живеат во Рамала, меѓу кои Палестинци, странски дипломати и претставници на меѓународни хуманитарни организации, секој ден патуваат во овој град на работа. Израелската војска додаде дека мерката...

Израел бомбардираа цели на Хамас во појасот Газа

Израелските воздухопловни сили утринава бомбардирале неколку објекти на палестинското движење Хамас во појасот Газа, јавуваат светските агенции. Нападите се извршени како одговор на синоќешните ракетни напади врз Јужен Израел. Израелската армија соопшти дека мета на денешните нападите биле два кампа за воена обука и уште две воени бази на Хамас. Палестинските извори јавуваат дека израелските напади биле насочени кон четири објекти во...

Четворица Палестинци убиени на Западниот Брег

На Западниот Брег денеска се убиени четворица Палестинци, од кои тројца претходно извеле напади врз израелската војска. Тоа се најнови напади во бранот обновени израелско-палестински насилства. Израелските власти соопштија дека во одвоени инциденти се убиени тројца Палестинци, кои нападнале или се обиделе да нападнат Израелци.

Трамп ја откажа посетата на Израел

Доналд Трамп, кандидат на републиканската партија за номинација за претседател на САД, ја откажа посетата на Израел, тврдејќи дека земјата ќе ја посети кога ќе „стане претседател на САД“. Трамп изјави дека патот го одложува затоа што тој станал проблематичен за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Во Израел остро се противат на доаѓањето на Трамп поради неговата изјава дека на муслиманите треба да...

Израел: Двајца Евреи осудени за убиство на Палестинец

Израелскиот суд прогласи за виновни двајца Израелци за смртта на палестинскиот тинејџер во Ерусалим во 2014 година, но одлуката за третиот обвинет ќе биде донесена по лекарскиот преглед на обвинетиот. Тројцата обвинети признале дека го киднапирале и жив го запалиле Мохамед Абу Кудаир, како одмазда за тоа што милитантите на Хамас претходно убиле три израелски момчиња. Двајца од обвинетите за време...

Палестинец убиен во болница во Хеброн

Палестинец осомничен за еден антиизреалски напад, синоќа е убиен во болница во Хеброн, во интервенција на израелските специјални сили, соопшто палестинското министерство за здравство. „Израелските специјални сили го убија Абдулах Азам Шаладех (27) во болница во Хеброн“, се наведува во соопштението на министерството, кое го пренесуваат светските агенции. Израелските безбедносни сили ја потврдија веста и додале дека пукале во Шаладех кога...

Кери: Две држави – Израел и Палестина – не е невозможен сон

Американскиот државен секретар, Џон Кери, денеска во седиштето на Обединетите нации рече дека решението, две држави за Израел и за Палестина не претставува невозможен сон. „Ционистичкиот сон опфаќа концепт за Израел како еврејска демократија во која може да живеат сите нации. Тој сон може да опстане и со две држави, кои безбедно би живееле една со друга. Сите знаеме дека...

Нетанјаху: Со Обама ќе разговараме за унапредување на безбедноста на Израел

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, најави дека со претседателот на САД, Барак Обама, на состанокот во Вашингтон в понеделник, прв по повеќе од една година, ќе разговара за начинот на кој може да се подобри безбедноста на Израел. Една од централните теми на разговорите ќе биде обновата на десетгодишниот меморандум за разбирање, кој истекува во 2017 година, на чија основа Израел...

Израел затвори палестинско радио на Западниот Брег

Израелската војска денеска упадна во просториите на палестинската радио-стануица „Ал Хурија“ во Хеброн, на Западниот Брег и ја конфискуваше радио-опремата, објавија израелски извори. Во соопштението се додава дека спорната опрема, наводно. се користела за повикување на палестинското население на напади на Израелци. Војската преку ноќ ја згасна радио-станицата во Хеброн, обвинувајќи ја за поттикнување насилство. Израел тврди дека сегашната ескалација на насилствата,...

Британски интелектуалци ќе го бојкотираат Израел

Повеќе од 300 британски интелектуалци повикаа на бојкот на Израел поради, како што велат, илегалната окупација на палестинска територија и кршењето на човековите права и слободи. Британскиот весник „Гардијан“ во денешното издание објави оглас „Наклонетост на британските интелектуалци кон правата на Палестинците“, кој го потпишаа 343 интелектуалци кои живеат и работат во Велика Британија. Меѓу потписниците се и неколку угледни професори од...

Бан повика на ставање крај на израелско-палестинските судири

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска повика на мир за време на својата посета на Ерусалим, каде престојува во обид да стави крај на последниот бран израелско-палестински судири. - Мојата посета е одраз на чувството на глобална тревога поради опасната ескалација на насилството меѓу Израелците и Палестинците – рече Бан на заедничката прес-конференција со израелскиот претседател Рувен Ривлин. Тој додаде...

СДСМ: Заев во Израел имаше планирани и средби надвор од агендата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при својата посета на Израел, беше примен на највисоко државно ниво, стои во соопштението на СДСМ. „Претседателот Заев во Израел имаше успешни средби по планирана агенда и бројни дополнителни средби надвор од договорената агенда, за што известија и медиумите“, се вели, меѓу другото, во соопштението на опозициската партија. Амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Орјан, запрашан...

Шалом: Со Заев не разговаравме за безбедносни или финансиски прашања

Министерот за внатрешни работи и вицепремиер на Израел, Силван Шалом, имал куса и куртоазна средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за време на неговата посета на земјата, било наведено во соопштение од кабинетот на министерот, објави телевизијата „Телма“. Во соопштението, кое го пренел израелскиот амбасадор во Македонија, Дан Орјан, било нагласено дека на средбата не било разговарано за какви...

СДСМ има нови докази за набавката на опремата за прислушување

СДСМ има нови докази за набавката за прислушување, вели лидерот на партијата, Зоран Заев, во најавата за емисијата „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“. Како што вели Заев во најавата за емисијата, претставниците на безбедносните служби му пристапиле и не барале од него никаква тајност. - Луѓето нè пречекаа подготвени, она што ни е нам на располагање ние би го погледнале со многу вниманние. Деталите...

Заев: Израел нема дадено финансиски донации за Македонија!

„Израелските власти ни потврдија дека немаат давано финансиски донации, туку само донации во форма на знаење и во опрема“, изјави денеска во Тел Авив лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбите со израелските власти. - Дефинитивно се потврди дека донациите се присутни како опрема, во знаење, во пренос на подготвени професионалци и експерти кои доаѓаат на обуките за имплементација и...

Заев на средба со заменик-шефот на Мосад и со министерот за внатрешни на Израел

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е во посета на Израел, денеска ќе има средба со заменик-директорот на израелската разузнавачка агенција Мосад, јавува телевизијата „24 Вести“. Според информациите на телевизијата, средбата на Заев со функцонерот на таjната служба ќе се одржи зад затворени врати, а тема на разговор, како што пренесува „24 Вести“ повикувајќи се на свои извори, ќе бидат...

Заев во Ерусалим се сретна со претседателот на Израел

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со претседателот на Израел, Реувен Ривлин, при што разговарале за унапредување на соработката на двете земји. На средбата присуствувале и амбасадорот на Македонија во Израел и амбасадорот на Израел за Република Македонија, соопшти СДСМ. - Разговаравме за земјоделството, за енергетиката, менаџментот со водите, за унапредување на телекомуникациската соработка. Разговаравме и за онаа...

Ерусалим: Старосна граница за влез на светите места

Изарелската полиција забрани пристап на млади муслимани на светите места во Ерусалим, неколку дена по постојаните инциденти. Портпаролката на полицијата, Луба Самри, изјави дека на мажи помлади од 45 години строго им е забранет пристап во комплексот Ал Акса и додаде дека старосната граница е привремено поставена за одржување на мирот, бидејќи во немирите најчесто учествуваат младите Палестинци. Немирите почнаа пред...

Нетанјаху и Путин договориле координација

Израелскиот премиер Бењамин Нетанјаху изјави дека на состанокот со претседателот на Русија, Владимир Путин, договорил двете страна да воспостават механизам за координација за да се спречат недоразбирањата и ненамерните судири на израелската армија и на руските сили распоредени во Сирија. - Тоа е многу важно за израелската безбедност и тоа е прв и јасен исход од овој разговор. Доволно е...

Трет ден траат немирите во Еурсалим

Немирите што избија во Ерусалим кај џамијата „Ал Акса“ меѓу израелската полиција и Палестинците непрекинато трае веќе три дена, соопшти денеска израелската полиција. Полицијата влегла во џамијата „Ал Акса“ да ја растера групата демонстранти кои фрлале камења и петарди, соопшти портпаролката на полицијата, Луба Самри, додавајќи дека насобраните луѓе се растуриле и дека никој не е повреден ниту уапсен. Светилиштето во Ерусалим...

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...