fbpx

Нетанјаху и Путин договориле координација

-

Израелскиот премиер Бењамин Нетанјаху изјави дека на состанокот со претседателот на Русија, Владимир Путин, договорил двете страна да воспостават механизам за координација за да се спречат недоразбирањата и ненамерните судири на израелската армија и на руските сили распоредени во Сирија.

– Тоа е многу важно за израелската безбедност и тоа е прв и јасен исход од овој разговор. Доволно е да ја замислите алтернатава – опасна конфронтација со Русија, за да се разбере важноста на оваа посета – рекол Нетанјаху.

Тој додал дека ја известил администрацијата на САД за деталите на посетата и за прашањата што ги дискутирал со Путин.

– На секој му е во интерес да спречи непотребен конфликт. Нашите врски со САД се од најголема важност, силни, цврсти и стабилни – изјавил Нетанјаху.

Средбата помеѓу Путин и Нетанјаху е прва од ноември 2013 година, а двајцата лидери во меѓувреме трипати разговарале телефонски.

САД предупредија дека трансферот на руско оружје, како авиони и проектили земја-воздух, на територијата на Сирија може да претставува закана за САД и за сојузничките сили кои се борат против Исламска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...