fbpx

Јанева: Очекувам голема меѓународна поддршка

-

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во интервју за телевизијата „24 Вести“ вели дека не чувствува притисок за ниеден предмет, туку дека ќе носи одлуки заедно со нејзиниот тим за кои јавноста ќе знае како ќе биде донесени.

– Секој збор што ќе влезе во тоа Специјално обвинителство, ќе биде на адекватен начин анализиран законски, во согласност со Законот за кривична постапка, посебниот Закон за специјално обвинителство, Уставот, другите закони и меѓународни договори. Очекувам голема меѓународна поддршка во откривање на фактичката состојба. Е, тоа, дали ќе му се допаѓа на некој или не, ќе оставиме времето да покаже – вели Јанева.

Јанева вели дека сега приоритет ѝ е изборот на нејзиниот тим, а откако ќе го состави тимот, во рок од осум дена од институциите ќе ги преземе сите предмети по што таа со нејзиниот тим ќе утврди што е во нивна надлежност, а што ќе вратат на другите судови.

Со државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, таа вели дека се знае од 2009 година и дека нивните контакти се чисто професионални.

Јанева за себе вели дека е позитивна личност и не чуствува страв за неа и за нејзиното семејство затоа што нејзиниот избор за специјален јавен обвинител е нејзина професионална ориентација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.