Трамп ја откажа посетата на Израел

Доналд Трамп, кандидат на републиканската партија за номинација за претседател на САД, ја откажа посетата на Израел, тврдејќи дека земјата ќе ја посети кога ќе „стане претседател на САД“.

Трамп изјави дека патот го одложува затоа што тој станал проблематичен за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Во Израел остро се противат на доаѓањето на Трамп поради неговата изјава дека на муслиманите треба да им за збрани влез во САД, како и неговите контроверзни изјави за Евреите и за еврејската заедница.

Нетанјаху претходно изјави дека нема намера да му забрани влез на Доналд Трамп во Израел.