fbpx

Британски интелектуалци ќе го бојкотираат Израел

-

Повеќе од 300 британски интелектуалци повикаа на бојкот на Израел поради, како што велат, илегалната окупација на палестинска територија и кршењето на човековите права и слободи.

Британскиот весник „Гардијан“ во денешното издание објави оглас „Наклонетост на британските интелектуалци кон правата на Палестинците“, кој го потпишаа 343 интелектуалци кои живеат и работат во Велика Британија. Меѓу потписниците се и неколку угледни професори од „Оксфорд“ и од „Кембриџ“.

„Како интелектуалци и универзитетски професори во Велика Британија, крајно сме загрижени и вознемирени од израелската окупација на палестинската земја и неприфатливо е израелското кршење на основните човекови права на палестинскиот народ“, се наведува во текстот.

Интелектуалците порачуваат дека нема да соработуваат со израелските институти и образовни институции ниту, пак, ќе учествуваат на какви било конференции или панели организирани, финансирани или спонзорирани од Израел или некој израелски институт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...