Израел затвори палестинско радио на Западниот Брег

Израелската војска денеска упадна во просториите на палестинската радио-стануица „Ал Хурија“ во Хеброн, на Западниот Брег и ја конфискуваше радио-опремата, објавија израелски извори.

Во соопштението се додава дека спорната опрема, наводно. се користела за повикување на палестинското население на напади на Израелци.

Војската преку ноќ ја згасна радио-станицата во Хеброн, обвинувајќи ја за поттикнување насилство.

Израел тврди дека сегашната ескалација на насилствата, која почна кон средината на септември, е иницирана од палестинската кампања на лаги и на поттикнување омраза кон Израелците. Палестинците ги негираат ваквите тврдења, велејќи дека насилството е резултат на 50-годишната окупација.