fbpx

Заев на средба со заменик-шефот на Мосад и со министерот за внатрешни на Израел

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е во посета на Израел, денеска ќе има средба со заменик-директорот на израелската разузнавачка агенција Мосад, јавува телевизијата „24 Вести“.

Според информациите на телевизијата, средбата на Заев со функцонерот на таjната служба ќе се одржи зад затворени врати, а тема на разговор, како што пренесува „24 Вести“ повикувајќи се на свои извори, ќе бидат наводите за корупција што произлегоа од 15. „бомба“ на опозицијата, но и други прашања што би ѝ биле од корист на специјалната јавна обвиителка, Катица Јанева.

Еден час по средбата со вториот човек на Мосад, Заев ќе се сретне со вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Израел, Силван Схалом. Според најавите, на средбата меѓу Заев и Схалом, меѓу другото, ќе стане збор и за наводите од 15. „бомба“.

Лидерот на СДСМ вчера имаше средба со претседателот на Израел, Реувен Ривлин, на која разговарале за унапредување на соработката на двете земји. На средбата присуствувале и амбасадорот на Македонија во Израел и амбасадорот на Израел за Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...