fbpx

Францускиот парламент неофицијално ја призна Палестина

-

Долниот дом на Пѓпарламентот на Франција денеска изгласа резолуција за признавање на Палестина и апелираше владата да го направи тоа, со надеж дека тоа ќе ги забрза напорите за ставање крај на деценискиот судир.

„За“ гласаа 339 пратеници, а 151 беа „против“. Резолуцијата не е обврзувачка, туку претставува симболичен поттик за Палестинците.

Во усвоениот документ се повикува владата да ја признае државата Палестина за да се постигне конечно решение на судирот.

Француската влада ја поддржува палестинската држава, но смета дека е премногу рано за признавање. Франција има право на вето во Советот за безбедност на ОН и сака што побргу да се обноват мировните преговори.

Израел е за основање на палестинската држава, но само врз основа на спогодба. Официјален Тел Авив смета дека резолуциите, како оваа на француските парламентарци, ги охрабрува Палестинците да ги избегнат преговорите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...