Израелските пратеници денеска ќе гласаат за распуштање на парламентот за да се овозможи организирање на предвремени избори.
Денешното гласање е прелиминарно, а ќе се гласа следната недела, кога се очекува Кнесетот официјално да се распушти. Со тоа ќе се отвори пат изборите да се организираат две години порано.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот смени два министра од центристичките партии, кои не се согласуваа со неговата политика, најавувајќи дека изборите ќе се одржат што е можно побргу.
Се очекува предвремените избори за се одржат во март следната година.