Израел го продолжи прекинот на огнот, Хамас ќе ослободи нови заложници

Хуманитарниот прекин на огнот е продолжен за уште два дена

-

Катарските власти соопштија дека Израел и Хамас постигнале договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за уште два дена, пренесува Би-Би-Си. Сепак, засега не се знае дали ваквото привремено затиште може да претставува пат за подолготраен прекин на огнот.

Сето тоа зависи од терористичката организација Хамас, која треба да ослободува по 10 заложници дневно за да го одржи во живот привремениот прекин на огнот. Проблемот е што дел од заложниците кои беа киднапирани од израелска територија на почетокот од октомври не се држат само од Хамас, туку и од други групи во Газа.

Сепак, Израел веќе јасно истакна дека штом заврши прекинот на огнот, војната во полна сила ќе се врати и клучната цел на Израел е да го елиминира Хамас. Израелските власти се децидни дека зборот мир и Хамас не одат заедно. Исто така, Израел ги повика меѓународните организации како Црвениот крст да го гарантираат животот на заложниците лоцирани во Појасот Газа.

„Ги повикуваме меѓународните организации, особено Црвениот крст, да ја искористат секоја алатка што им е на располагање за да добијат пристап до нашите заложници, за да се уверат дека ја добиваат медицинската нега што им е потребна“, посочија израелските вооружени сили.

Новинската агенција Франс-прес пак пренесува дека израелските сили од затворите ослободиле 33 палестински затвореници, од кои 30 деца и три жени. Израелските власти потврдија дека затворениците се пуштени на слобода. Ова ослободување на затвореници е резултат на прекинот на огнот договорен меѓу Израел и Хамас со посредство на Катар, кој вклучува затишје од борбите.

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија за спречување...

Трамп нареди објавување на илјадници класифицирани досиеја за атентатите на Џон Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на функционерите да направат планови за декласификација на документите поврзани со три атентати - на Џон Ф. Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг...

ТАВ Аеродроми: Нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека „easyJet“, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен...

Уште четири лица осомничени за терористичка организација

Под раководство на јавен обвинител, вчера била спроведено координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал и за специјални полициски операции, во рамки...

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија...