fbpx
Таг: истражување

таг: истражување

Една трансакција со биткоин произведува е-отпад колку справувањето со два фрлени Ајфони

Трансакцијата на секој биткоин создава количество на електронски отпад коешто е еднакво на фрлањето во канта на два Ајфони, покажува истражувањето на Централната банка на Холандија и Институтот за технологија во Масачусетс. Британскиот весник Гардијан пишува дека веќе се познати некои од негативните ефекти од „копањето“ биткоини, но ова најново истражување го сврти вниманието кон огромното количество на харвер којшто...

Доделени ЕУ наградите за истражувачко новинарство за 2020 година

„Наградите од Европската Унија за истражувачко новинарство“ за најдобри остварувања во 2020 година во Македонија беа доделени во средата во хотелот Александар Палас во Скопје. Заменик-амбасадорот на Европската делегација во Скопје, Џулијан Васало истакна дека истражувачкото новинарство е од голема важност, бидејќи придонесува во заштита на јавниот интерес и бара отчетност од оние кои се на власт. Тој додаде дека „храбри...

Еден прекуокеански лет има климатско влијание што би можело да ја чини економијата 3.000 долари

Еден прекуокеански лет меѓу Обединетото Кралство и Њујорк на долг рок има климатско влијание што би можело да ја чини глобалната економија 3.000 долари, кои би требало да се потрошат на справување со последиците од климатската криза, пишува весникот „Гардијан“. Истражувањето за ваквите трошоци што произлегуваат од испуштањето на штетните емисии на стакленички гасови е изработено од експерти од Универзитетот...

Младите во светот се длабоко вознемирени од климатските промени, покажа ново истражување

Ново глобално истражување ја покажува длабоката вознемиреност која младите лица во светот ја чувствуваат во однос на климатските промени, пренесува „Би-би-си“. Извештајот од истражувањето кое во 10 земји го спровел Универзитетот Бат во соработка со други пет универзитети, бил објавен во списанието „Lancet Planetary Health“. Во извештајот се тврди дека ова е најголемо истражување од ваков вид досега, со одговори...

Роверот „Персеверенс“ успеа да го земе првиот примерок карпа од Марс

НАСА потврди дека роверот „Персеверенс“ успеал да го земе првиот примерок од карпа на Марс, јавува Би-би-си. Најновите снимки на НАСА потврдуваат дека примерок од карпата е безбедно внесен во роверот, при што истиот треба да биде вратен на Земјината топка за нејзини натамошни испитувања. Би-би-си појаснува дека станува збор за историски чекор за човештвото, бидејќи за првпат карпест материјал...

Британска студија: Аерозагадувањето го зголемува ризикот од потешки ментални заболувања

Најново истражување спроведено во Велика Британија покажува дека и малото зголемување на изложеноста на аерозагадување може да доведе до поголем ризик од медицински третман, пишува весникот „Гардијан“. Станува збор за една од најсеопфатните студии од овој вид, а која што го поврзува аерозагадувањето со предизвикувањето на потешки ментални заболувања. Ова истражување извршено на над 13.000 луѓе во Лондон открило дека...

Тројка од младите за квалитетот на наставата во пандемија, покажа студијата на МОФ

По повод Меѓународниот ден на младите, Младински образовен форум (МОФ) ја презентираше студијата „Социо-политичко учество на младите: Нееднаквост, неизвесност и различни очекувања“, изработена во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер. Студијата покажува дека 69 отсто од младите никогаш не биле консултирани од институциите, наспроти една третина (27 отсто) кои биле консултирани на локално или национално ниво. Бројот на...

Вакцинираните со две дози имаат три пати помали шанси да бидат заразени со корона вирусот

Ново истражување во Велика Британија откри дека имунизираните луѓе со две дози на вакцина против ковид-19 имале три пати помала веројатност од невакцинираните луѓе да бидат позитивни на тестирање на корона вирусот, објавува Империал Колеџот во Лондон, а пренесува Гардијан. Овие резултати од истражувањето REACT-1 што го предводи оваа високообразовна установа се засновани на податоци на направени тестови за корона...

НАСА: Поради климатските промени, Месечината ќе предизвика поплави за десетина години во САД

Крајбрежните подрачја на Соединетите американски држави (САД) за десетина години ќе доживеат драматичен пораст на високи плими и поплави поради циклусот од Месечината, пренесува CNN. Наглиот пораст треба да започне во средината на 2030 година, кога месечевиот циклус ќе го зголеми покачувањето на нивото на морето како резултат на климатските промени, покажува новото истражување на членови на научниот тим...

Истражување: Договорот од Преспа сè уште е сензитивна тема и кај нас и во Грција

Три години од потпишувањето, Договорот од Преспа за решавање за спорот за името помеѓу Северна Македонија и Грција, сè уште е сензитивна тема за многу граѓани во двете земји. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење кое го направи канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ од Грција и Кипар и Грчката фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП), а го спроведоа...

ИРИ: Граѓаните се најзагрижени за влезот во ЕУ, невработеноста, пандемијата и достапноста на вакцини против ковид-19

Најновото национално истражување на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува најголема загриженост кај граѓаните на Северна Македонија за темпото на пристапување кон ЕУ, за невработеноста и достапноста на вакцини против ковид-19. Освен тоа, граѓаните на Северна Македонија се чувствуваат обесхрабрени од градоначалниците и локалните претставници пред изборите кои треба да се одржат оваа есен. Анкетата покажа...

Истражување: Оваа учебна година онлајн наставата многу подобро организирана во споредба со лани

Родителите, децата и наставниците сметаат дека оваа учебна година (2020/2021) наставата на далечина била многу подобро организирана во споредба со второто полугодие од минатата учебна година (2019/2020). Техничките потешкотии биле надминати, а исто така наставата се организирала според распоред на часови и биле исполнети целите на наставната програма. Ова го покажува истражувањето направено од „Реактор“ по нарачка на УНИЦЕФ, а...

Индекс на активна транспарентност: Министерствата и Владата објавуваат 79 отсто од потребните информации

Активната транспарентност или објавувањето на информации на сопствена иницијатива на институциите, без некој да има доставено барање за пристап до тие информации, на министерствата, Владата и на општините за 2021 година изнесува 63 отсто (од максималните 100 отсто). Во однос на 2020 година, активната транспарентност е подобрена за 5 процентни поени (од 58 на 63 отсто). Министерствата и Владата...

ЕСЕ: Во пандемијата, секоја трета жена не добила здравствена услуга, а 63 отсто не стигнале до специјалист

Во првите шест месеци од пандемијата на ковид-19, голем број жени во државата се соочија со губење на работното место, пад на месечните приходи, зависност од државна помош и отежнат пристап до здравствени услуги. Пандемијата двојно го зголеми бројот на жени зависни од државна помош, а бројот на домаќинства кои гладуваат пораснал од три, на седум отсто, покажува истражувањето...

Извршните директори во Македонија се трипати позагрижени за глобалниот економски раст од колегите во ЦИЕ

Глобалното истражување на „Прајсвотерхаус Куперс“ (PwC’s Annaul Global CEO Survey) помеѓу повеќе од 5.000 извршни директори бележи рекордно високо ниво на оптимизам дека глобалниот економски раст по пандемијата со ковид-19 ќе продолжи во 2021. Околу 64 отсто од извршните директори во Централна Источна Европа (ЦИЕ), кои одговорија на истражувањето, се уверени дека следи глобално економско возобновување. Според нив, тоа ќе...

Истражување на Рурална коалиција: Околу 60 отсто од земјоделците преферираат издавање на услуги на шалтер

Недостаток на доверба во системот, недоволна транспарентност на софтверите за аплицирање, како и ниска дигитална и компјутерска писменост се најчестите пречки со кои се соочуваат земјоделците при дигитализирање на услугите поврзани со земјоделството. Над половината од земјоделците преферираат услуги на шалтер бидејќи немаат доверба во електронските услуги и нивната валидност. Ова го покажува истражувањето на Рурална коалиција за нивото...

ЦГК анализа: За експлоатација на минерални суровини државата наплатува само 8,2 милиони евра годишно

Концесија за користење минерални суровини во 2019 година имаат добиено вкупно 264 фирми, издадени се 358 вакви концесии, а површината на земјата која е опфатена со нив изнесува 349 километри квадратни, што е 1,4 отсто од вкупната територија на државата, покажува истражувањето и базата на податоци на доделени концесии за минерални суровини за 2019 година, што го објави Центарот...

Одлуките на општинско ниво и понатаму ги носат мажи, на раководните позиции многу мал број жени

Од 751 лидерска позиција во 17 општини што се анализирани низ земјава, на 553 од нив биле поставени мажи, додека на само 198 лидерски позиции се наоѓале жени. Спроведеното истражување во рамките на проектот „Родовата анализа на лидерските позиции и општинските програми 2020/2021“, покажува дека одлуките што се носат на општинско ниво се носат од мажите. Ова беше заклучокот...

Неискористен е потенцијалот на отворените образовни ресурси во руралните средини

Во последната година, сведоци сме на сè поголемите нееднаквости предизвикани од ковид-19 пандемијата и во нашата земја, односно, ги следиме глобалните трендови кога станува збор за ефектите од пандемијата врз различните групи во општеството. Непропорционално се погодени региони со послаб економски развој, руралните средини, и средините каде инфраструктурата е застарена, или недоволно квалитетна.   За жал, токму во вакви средини се добар дел од основните и средните училишта во нашата земја. Бавниот интернет,...

Истражување на ЦГК: Пола од вкупниот данок на имот во земјава се прибира во Скопје

За данок на имот од граѓаните и од фирмите, сите општини во државава заедно, годишно во просек наплатуваат по 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра. Просечната годишна наплата на овој данок се движи околу 81 процент. Значително поголем дел од данокот на имот се прибира од граѓаните, 70 отсто, додека од правните лица, односно од фирмите се прибираат...