fbpx
Таг: истражување

таг: истражување

Неискористен е потенцијалот на отворените образовни ресурси во руралните средини

Во последната година, сведоци сме на сè поголемите нееднаквости предизвикани од ковид-19 пандемијата и во нашата земја, односно, ги следиме глобалните трендови кога станува збор за ефектите од пандемијата врз различните групи во општеството. Непропорционално се погодени региони со послаб економски развој, руралните средини, и средините каде инфраструктурата е застарена, или недоволно квалитетна.   За жал, токму во вакви средини се добар дел од основните и средните училишта во нашата земја. Бавниот интернет,...

Истражување на ЦГК: Пола од вкупниот данок на имот во земјава се прибира во Скопје

За данок на имот од граѓаните и од фирмите, сите општини во државава заедно, годишно во просек наплатуваат по 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра. Просечната годишна наплата на овој данок се движи околу 81 процент. Значително поголем дел од данокот на имот се прибира од граѓаните, 70 отсто, додека од правните лица, односно од фирмите се прибираат...

Младински сојуз: Младите од Грција би сакале почесто да патуваат во Северна Македонија

Иако околу 86 отсто од младите во Грција би сакале да патуваат во нашата земја, тоа до сега ретко се случува (37%). Од друга страна, младите од Северна Македонија значително повеќе патувале во Грција (83%), додека околу 86 отсто би сакале и понатаму да патуваат во соседната земја. Ова го покажува истражувањето за перцепциите на младите луѓе во 2020 година...

ЦГК: Повеќе од осум милиони евра чинат тендерите за зимско одржување на патиштата за оваа сезона

За ангажирање на механизација, работници, сол и чакал за чистење и за прскање на улиците во зимски услови, оваа сезона ќе се потрошат 538 милиони денари, односно 8,7 милиони евра, се вели во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). „Тендери за оваа намена имале 41 општина и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија и државното јавно претпријатие за одржување...

Истражување на ЛЕАД и Фондација Конрад Аденауер: 62 отсто од наставниците ја изведувале онлајн наставата од дома со сопствен компјутер

Повеќе од половина, односно 62 проценти од наставниците ја изведувале онлајн наставата од својот дом со сопствен компјутер. Со ваков предизвик се соочиле и самите ученици, 21 отсто немале стабилна интернет конекција, а 4 отсто немале уред за следење на наставата. Ова го покажува анализата од истражувањето на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) и Фондацијата Конрад...

ЦГК: За новогодишното украсување општините потрошиле за 40 отсто помалку од лани

Градот Скопје и 15 други општини низ земјава за новогодишно украсување за новата 2021 година потрошиле 405 илјади евра, од кои, само за украсувањето на Скопје се потрошени 298 илјади евра. Вкупните средства се за 40 отсто помалку во споредба со една година претходно, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). „Украсувањето на Скопје и на скопските општини вкупно...

МОФ: Младите немаат доверба во институциите ниту доволно интерес за граѓански ангажман

Младински образовен форум спроведе истражување за состојбата со младинскиот социјален капитал во земјата, насловено „Младинско статус кво – 10 години стагнација“. Целта на истражувањето е утврдување на социјалниот капитал (определен како мрежи на споделени норми, вредности и разбирање што поддржуваат соработка во и меѓу групите), ставовите кон и формите на граѓанско учество, како и ставовите и практикувањето на слободата...

Институциите сериозно да ги земаат предвид случаите со семејно насилство за да не резултираат со фемицид

Дури 46 отсто од предлозите на жртвите на семејно насилство до судовите биле повлечени, додека пак 40 отсто од сторителите признале вина. Она што е важно да се истакне е дека главните причини поради кои се одолговлекува судската постапка е одложувањето на рочиштата и големиот проток на време помеѓу едно и друго рочиште. Исто така, се забележува и отсуство...

Порталб: Тетово најголем должник меѓу општините, за три месеци долгот зголемен за 1,4 милиони евра [инфографик]

Едно од предизборните ветувања на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, беше токму намалувањето на општинскиот долг. Сепак, долгот, не само што не се намали, туку оваа општина веќе важи за најголем „должник“ од вкупно 80 општини во земјава, а за само три месеци, Општина Тетово го зголеми долгот за 1,4 милиони евра, пишува Порталб.мк. Иако Општина Тетово не кажува кому...

ЦГК: Општинските советници чинат 3,5 милиони евра годишно

Вкупната годишна сума што им се исплатува на 1.319-те општински советници и претседатели на совети на општините изнесува повеќе од 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината и е определен како процент од просечната плата во земјава. Претседателите добиваат...

Помалку NO2 и ПМ-2.5 честички се дишеле во Скопје во карантинот, потврдува истражувањето на ЦКП

Помалку азотен двооксид (NO2) и ПМ-2.5 честички сме дишеле во Скопје во периодот на карантин од 18 март до 26 мај во споредба со истиот период од 2019 година, покажува истражувањето за влијанието на сообраќајот врз загадувањето на воздухот во Скопје спроведено од експертскиот тим предводен проф. д-р Дејан Мираковски, проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Центарот...

Истражување: Земјава е лидер во регионот според потрошувачката на цигари по пушач

Република Северна Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач. Податоците на Аналитика покажуваат дека процентот на пушачите (преваленцата) во однос на вкупниот број на жители, во РСМ изнесува 48,4 отсто. За споредба, во европските земји, преваленцата на пушење е далеку пониска. Во ЕУ просекот...

ХЕРА: Над 90 отсто од Ромките се без или со само основно образование

Невработеноста на жената Ромка е долгогодишен проблем во нашата држава. Само 4 Ромки се вработени на раководни позиции во јавните институции, а на другите, нераководни позиции, тие се застапени со само 0,47 отсто од вкупниот број на вработени. Од вкупно 7.647 лица кои ги користеле активните мерки и услуги за вработување во текот на 2019 година на национално ниво,...

Истражување на МОФ: Студентите со „добар 3“ го оценија квалитетот на живот во државните домови

Како живеат станарите во студентските домови, колку се задоволни од квалитетот на животот и дали препознаваат, односно знаат каде да пријават корупција. Одговорите на овие прашања беа во фокусот на истражувањето „За станарските работи - Истражување за животниот стандард на станарите во државните студентски домови: „Браќа Миладиновци“–Штип, „Кочо Рацин“–Битола и „Пелагонија“–Скопје, кое во текот на 2020 година го спроведе Младинскиот образовен форум, МОФ. Испитаниците  со просечна оценка 3 го оценија квалитетот на...

Над 5.000 студенти од земјава се во странство; Даути: Кај нас е потежок патот до успехот

„Во Северна Македонија студентите не се вреднуваат за нивното работење, туку спротивно, и затоа патот кон успехот уште повеќе им се отежнува“, вели студентката Фиснике Даути во интервју за Порталб.мк, и објаснува неколку причини поради кои одлучила да студира во странство и за плановите за враќање. Официјално, има 5.704 студенти од РСМ кои се наоѓаат низ светот, пишува Порталб.мк. Над...

Недостаток на финансии, независност, човечки капацитет влијае на квалитетот на истражувачкото новинарство

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и Евротинк - Центар за европски стратегии ги презентираа наодите од истражувањето „Значењето, присуството и свеста за критичко мислење и медиумска умешност во медиумската индустрија“, спроведено преку проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк “, кој се спроведува со поддршка од Европската Унија. Истражувањето сеопфатно ги анализираше влијанието на состојбата...

Аспектите за кои треба да се има многу внимание: Безбедноста и приватноста на електронските услуги во РСМ (IV)

Безбедноста на интернет е еден од најголемите предизвици со кои се соочува современиот дигитален свет. Напредокот на технологијата и нејзиното вклучување во секој сегмент на функционирање на општеството и државните системи, го носела со себе и ризикот да преку сајбер напади, одредени структури или групи да стигнат до податоците или информациите, кои се суперсилна артилерија за да се придобие/...

„Не ни треба државјанство, имаме лична карта“, електронските услуги можат да отстранат од употреба низа документи (III)

Електронските услуги во РСМ би овозможиле некои документи, кои не треба да постојат, да бидат повлечени од употреба, бидејќи истите ги зголемуваат трошоците на граѓаните и преставуваат губење време при аплицирање и чекање за нивно добивање. „Идејата за дигитализација на регистрите во институциите е да се укинат некои документи, тие меѓусебно да разменуваат податоци, а ние граѓаните да нема потреба...

Порталот на РСМ за електронски услуги е полуфункционален, граѓаните имаат опрема, но не добиваат информации (II)

„Потребна е поголема посветеност од сите државни институции за искористување на целосниот потенцијал на е-порталот. Кризата со КОВИД-19 ја докажа важноста на дигитализацијата на јавната администрација и зајакнувањето на обезбедувањето онлајн услуги за граѓаните и бизнисите преку е-порталот“ - беше пораката во Извештајот на Европската комисија објавен на 6 октомври 2020 година, во врска со употребата на националната платформа...

Истражување: Граѓаните талкаат по шалтерите, С. Македонија е 10 години зад Европа во областа на дигитализацијата (I)

Граѓаните на Северна Македонија тешко можат да добијат документи „со само едно кликнување“ на Интернет. Ова се случува затоа што државата обезбедува ограничени електронски услуги, потенцијалот на е-порталот не се користи целосно, а граѓаните, иако имаат опрема, немаат доволно информации за електронските услуги. Според истражувањето што го направи „Порталб.мк“, произлегува дека дури не е познато колку граѓани ги користеле...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...