fbpx
Таг: истражување

таг: истражување

Поларните мечки може да исчезнат до крајот на веков

Светскиот фонд за природа денеска објави резултати од истражување, според кое, опстанокот на поларните мечки ќе биде доведен во прашање доколку не се намали испуштањето гасови кои ја менуваат климата во светот, зголемувајќи ја просечната темпреатура. Климатските промени им се закануваат на веќе критично загрозените екосистеми на Северниот Леден Океан, предизвикувајќи значително опаѓање на бројот на поларните мечки. Според извештајот, на поларните...

Стокхолм е прогласен за најпаметен град

Стокхолм, Лондон, Париз, Сингапур и Копенхаген се градови со најголема зрелост во сегментот на информатичките технологии и телекомуникации, покажа истражувањето што го изврши компанијата „Ериксон“. Истражувањето рангира 40 градови и ја мери нивната зрелост во сегментот на информациските технологии, односно влијанието на ИКТ-инвестициите на економските и на општествените услови и на развојот на животната средина. Во годинешниот извештај, додадени се девет нови градови –...

МЦЕО: Дали во Македонија владее атмосфера на страв и на конспирации?

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) „Еврометар“, во своето последно истражување објавува податоци за тоа колкава е атмосферата на страв и на конспирации во Македонија. Анкетите се правени со директни прашања, како, на пример, „Дали македонските граѓани слободно го кажуваат своето мислење?“, и индиректни прашања „Македонската влада има податоци за тоа како гласал секој граѓанин“, „Спонтани протести не постојат, туку...

Средношколците со страв одат на училиште

Речиси половина од средношколците во земјата не се чуствуваат безбедно во училиштата, што се должи на нивната перцепција за големата застапеност на оружјето меѓу нивните врсници, покажува истражувањето спроведено од Младинскит образовен форум (МОФ). Според истражувањето, 45,4 отсто од средношколците сметаат дека нивните врсници во училиште носат нож, 32,4 проценти сметаат дека некој крие алка, 27,7 проценти се сомневаат дека нивни...

Франција развива програма за пресретнување беспилотни летала

Генералниот секретаријат за одбрана и национална безбедност на Франција иницирал програма за развивање методи за откривање и за пресретнување на беспилотни летала, по пријавите за голем број такви летала над француските нуклеарни постројки, објавуваат француските медиуми. Од генералниот секретаријат изјавиле дека наведените прелети не претставуваат опасност за работата и за безбедноста на нуклеарните централи, но претставуваат предупредување за можни ризици од нивна...

Граѓанскиот сектор бара поголема транспарентност во јавните набавки

Општина Штип не успеала да реализира ниту половина од планираните јавни набавки, а најниската цена како главен критериум за доделување договори, се јавува како проблем што ја усложнува реализацијата на набавката, се дел од забелешките од набљудувањето на јавни набавки што го спроведе невладината организација „Фондација за развој на локалната заедница“ од Штип. Според резултатите од надгледувањето, фирмите кои учествувале на...

Истражување: Фондот за здравство најтраспарентен, претседателот најнеотчетен за трошењето на јавните пари

Фондот за здравствено осигурување на Македонија(ФЗОМ) е најтранспаретна, а институцијата претседател на државата најнеотчетна во трошењето на јавните пари, покажува истражувањето на Центарот за економски анализи и на Институтот за демократија, пренесува „24Вести“. Според анализата, 90 отсто од државните институции не ја објавуваат завршната сметка, а ниту една институција не објавила реализација на буџетските средства и покрај законската обврска. Речиси 40...

Модулот „Филе“ открил органски молекули на површината на кометата

Модулот „Филе“ детектирал органски молекули на површината на кометата „67P/Чурјумов-Герасименко“, соопшти тимот научници. Според нив, анализите покажале дека модулот открил органски молекули кои би можеле да ги претставуваат некои од основните хемиските соединенија од кои еволуирал животот на Земјата. Останатите анализи покажуваат дека површината на кометата е покриена со мраз и со тенок слој прашина со дебелина од 10 до...

Берлин е најзабавниот град во светот

Берлин прогласен за престолнина на забавата
Берлин е на прво место на листата најзабавни градови во светот пред Лондон, Њујорк, Париз и пред Токио. Порталите „Гет јор гајд“ и „Гоу јуро“ направија истражување меѓу своите корисници во кое биле вклучени 1.800 градови. Корисниците гласале во категориите барови, клубови, трговски центри, забава за возрасни и активности. Лондон е победник во категоријата за најдобри клубови, Токио ги има...

СКУП: Секоја година, нови 4.500 случаи на заболени од рак

Во Македонија секоја година се појавуваат нови 4.500 случаи на карцином од различен вид, иако светските стручњаци тврдат дека оваа бројка е многу поголема, односно дека се работи за дури 7.000 случаи, објави во истражување СКУП-Македонија. Сепак, во моментов, државните институции не водат евиденција дали карциномот го добиваат претежно пациенти кои живеат покрај фабрики и топлани, а кои се сметаат за...

Ќе се инвестираат 280 милиони евра во истражување за еболата

Европска Унија и произведувачите на лекови денеска најавија дека ќе вложат 280 милиони евра во истражување за еболата. Најголем дел од средствата ќе бидат наменети за брзо тестирање на вирусот и за производство на потенцијална вакцина. Средствата ќе се искористат за проекти што ја поддржуваат иницијативата за иновативна медицина (ИМИ), единствено јавно-приватно партнерство, која заеднички ја финансираат Европската комисија и фармацевтската индустрија. -...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...