fbpx
Таг: истражување

таг: истражување

Фридман анализираше 130.000 зборови од „бомбите“: Многу турцизми и уличен говор

Прислушуваните материјали, односно, „бомбите“ што минатата година СДСМ ги обелодени во јавноста, беа предмет на научно лингвистичко истражување од еден од најпознатите македонисти во светот, Виктор Фридман. - Истражувањето е извршено само од лингвистичка гледна точка, без разлика дали материјалите што ги разгледував се вистинити или не. Ова е ретка можност да се собере соодветен материјал што ќе даде релевантни податоци за неформалниот говор во Македонија -...

ДУИ и Беса во водство кај гласачите Албанци, покажуваат анкетите

На изборите на 11 декември, 13,4 отсто од граѓаните Албанци ќе гласаат за Демократската унија за интеграција (ДУИ), а 10,2 својата доверба ќе ѝ ја дадат на Беса, покажале резултатите од истражувањето на Институтот за креирање политики и добро владеење, пренесува „Телма“. Според анкетата, Демократската партија на Албаниците (ДПА) се наоѓа на третото место со 6,3 отсто од гласовите на...

Мнозинството Грци сакаат решение на спорот за името, но без терминот „Македонија“

Повеќе од половина Грци не прифаќаат терминот „Македонија“ да стои во конечното решение за името на нашата земја, а само тројца од 10 Грци прифаќаат сложено решение за името во преговорите меѓу двете држави. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција околу македонско-грчките односи и спорот за името, спроведена од грчката фондација за надворешна политика „Елиамеп“...

СДСМ: Груевски ги штелува бројките на анкетите

Никола Груевски се обидува да штелува бројки по нарачани анкети од партиските испостави, во зависност од интензитетот на неговиот страв од одговорност, но од вистината бегање нема, велат од СДСМ како реакција на новата анкета на Институтот „Димитрија Чуповски“. „Ништо не може да му помогне на обвинетиот Никола Груевски, кој на 11 декември ќе ја добие вистинската анкета од граѓаните пред...

Анкета на Институтот „Димитрија Чуповски“: ВМРО-ДПМНЕ со 11 отсто предност пред СДСМ

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27,6 отсто од граѓаните, за СДСМ 16,1 отсто, за ДУИ 6,3 отсто, а за ДПА 2,9 отсто од граѓаните, покажува најновата анкета направена од институтот „Димитрија Чуповски“, која била спроведена телефонски во периодот од 7 до 10 октомври на 1.237 испитаници. За одговорот „ниту една партија“ се одлучиле 22 отсто од испитаниците, а „не знам“ одговориле 17,4...

ИРИ не планира предизборна анкета за рејтингот на пaртиите во Македонија

Меѓународниот републикански институт (ИРИ) кој прави неколку истражувања на јавното мислење во текот на годината на повеќе теми, нема најави за предизборна анкета за рејтингот на политичките партии во Македонија. - Засега немаме во план анкета која би ја објавиле пред претстојните парламентарни избори, кои се закажани на 11 декември – вели Илина Мангова, претставник од ИРИ во Македонија. Анкетите на ИРИ важат...

Полицијата е корумпирана, но граѓаните ѝ веруваат, вели анкета на „Аналитика“

Полицијата е институција што ужива најголема доверба меѓу граѓаните, но таа е висококорумпирана, покажува истражувањето на јавното мислење на тема „Ставот на граѓаните околу работата на полицијата“, спроведено од „Поинтплус“, регионална мрежа на седум граѓански организации од Западен Балкан. - Резултатите покажаа дека 58,5 отсто од испитаниците имаат главно или целосно доверба во полицијата. Но, една четвртина одговориле дека немаат апсолутно никаква...

„Евробарометар“: Македонците и веруваат на ЕУ, но не на Владата и на Парламентот

Македонците имаат поголема доверба во Европската Унија, отколку во македонските институции, односно Собранието и Владата, покажа истражувањето „Стандард Евробарометар“ што го спроведе Европската комисија во земјите членки на ЕУ и во петте земји кандидатки, Србија, Албанија, Црна Гора, Турција и Македонија. Според анкетата, 58 отсто од Македонците имаат доверба во ЕУ, што е за 25 отсто повеќе од довербата што...

Анкета: 83,7 отсто од младите би се иселиле од Македонија

Високи 83,7 отсто од младите во Македонија сакаат да се иселат од земјата. Две третини од нив, односно 52,4 отсто, би се иселиле во некоја од заподноевропските држави, речиси 12 отсто во САД и во Канада, а во некоја од скандинавските држави би се иселиле 10,3 отсто од испитаниците. Ова го покажува анкетата на НВО Инфоцентар во партнерство со Македонскиот...

Анкета на ИРИ: Паѓаат рејтинзите на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, но сè уште водат

Педесет и пет отсто од граѓаните сметаат дека поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не си ја завршува добро својата работа и не заслужува реизбор, а 33 отсто сметаат дека заслужува повторно да се најде на таа функција, покажува најновото истражување на направено од Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Груевски, од 66 отсто поддршка во  јуни 2008 година, падна...

Истражување: Младите македонски ЛГБТИ-лица сè почесто се во депресија поради хомофобијата

Младите ЛГБТИ-лица сè повеќе и почесто се изложени на депресија, покажуваат повисоко ниво на анксиозност во социјалната интеракција и почесто прикриваат важни информации за себе, за разлика од нивните хетеросексуални врсници, покажа првото истражување во Македонија на дискриминацијата, насилството, вознемирувањето и малтретирањето на младите ЛГБТИ-лица засновани на сексуална ориентација и родов идентитет. Истражувањето, кое го спроведе „Субверзивен фронт“ во партнерство со „Младински...

Анкета „Фактор плус Адрија“: Земјата е во длабока политичка криза

Високи 80 отсто од анкетираните не ја поддржуваат одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на сите политичари, а 73 отсто сметаат дека тој одлуката ја донел за да ги заштити политичарите од власта кои се веќе обвинети од Специјалното јавно обвинителство. Ова го покажува најновата телефонска анкета на агенцијата „Фактор плус Адрија“, спроведена во периодот од 11 до 14...

БИРН: 446 милиони евра субвенции за растително и сточарско производство

Државата исплатила 150 милиони евра субвенции за сточарско и 296 милиони евра за растително производство, во период од пет години од 2010 до 2014 година. Ова го покажуваат податоците на Балканската истражувачка мрежа (БИРН) која денеска ја промовираше базата на податоци за доделените субвенции во периодот од 2010 до 2014 година во растително и сточарско производство. Поголемиот дел од средствата, односно 83...

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 27,5 отсто, СДСМ со 25,2 отсто

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27,5 отсто од граѓаните, за СДСМ - 25,2 отсто, за ДУИ - 10,5 отсто, за ДПА - 4,8 отсто, а неопределени се 25 отсто од гласачите, покажува новата анкета на агенцијата „Фактор плус Адриа“. Анкетата била спроведена телефонски, на репрезентативен примерок од 1.150 граѓани во периодот од 15 до 22 март 2016 година. На прашањето „Дали по...

Универзитетот „Св. Апостол Павле“ ќе соработува со јапонски институт

Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Нинослав Марина, и претседателот на Институтот за наука и технологија од Нара, Јапонија, Наотаке Огасавара, денеска потпишале договор за соработка помеѓу двете институции. Договорот е потпишан во рамките на посетата на ректорот Марина на Институтот од Нара, а истиот предвидува интензивирање на научната соработка помеѓу институциите. - Институтот за наука...

Власта се откажа од истражувањата во Хераклеја?

Дали Министерството за култура се откажа од истражувањата и од конзервацијата на античкиот локалитет Хераклеја Линкестис? Ова прашање отворено го наметнуваат археолози од Битола откако две години по ред, лани и годинава, не е одбрен ниту еден проект од министерството за продолжување на истражувањата или реконзервација на античкиот град кај Битола. Според нив, нема реконзервација на старите објекти откриени пред три децении,...

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со предност од 6,4 отсто пред СДСМ

Доколку сега се одржат избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 29,9 отсто од гласовите, за СДСМ ќе гласаат 23,5 отсто, за ДУИ 10,1 отсто, а за ДПА 4,3 отсто, покажува телефонската анкета на агенцијата „Фактор плус Адриа“ од Белград, спроведена во периодот од 15 до 24 јануари на репрезентативен примерок од 1.250 испитаници. Според анкетата, 28,5 отсто од испитаниците се неопределени, за друга...

Истражување: Повеќе од 50 отсто од граѓаните сметаат дека хомосексуалноста треба да се лекува

Само еден отсто од општата популација во Македонија знае што означува ЛГБТИ, високи 58 отсто од родителите сметаат дека ако нивното дете е ЛГБТИ, треба да се лекува, а 84 отсто од граѓаните во државата не поддржуваат парада на гордоста, покажуваат резултатите од регионалното истражување на јавното мислење за ЛГБТИ, кое летово се спроведуваше во Македонија и во другите...

Анкета на ИРИ: Груевски не заслужува реизбор

Македонските граѓани се несигурни околу подготвеноста на лидерите да го спроведат Договорот од Пржино, постојат услови за спроведување на слободни и фер избори, премиерот Никола Груевски не заслужува реизбор и нема слобода на изразување се главните заклучоци од истражуваењето спроведено од Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Според истражувањето, граѓаните се скептични дека партиите ќе го спроведат...

Повеќе од половина граѓани на Црна Гора се за влез во НАТО

Ако на средината на октомври имало референдум за членство на Црна Гора во НАТО, 56 отсто од граѓаните би го поддржале влегувањето на државата во тој сојуз, покажало истражувањето на агенцијата ИПСОС. Истражувањето е направено од 8 до 16 октомври на репрезентативен примерок од 1.015 граѓани на Црна Гора. Анкетата покажала дека негативен став кон членството на Црна Гора во НАТО имаат 44...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...