fbpx

Анкета „Фактор плус Адрија“: Земјата е во длабока политичка криза

-

Високи 80 отсто од анкетираните не ја поддржуваат одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на сите политичари, а 73 отсто сметаат дека тој одлуката ја донел за да ги заштити политичарите од власта кои се веќе обвинети од Специјалното јавно обвинителство.

Ова го покажува најновата телефонска анкета на агенцијата „Фактор плус Адрија“, спроведена во периодот од 11 до 14 април 2016 година, на примерок од 1.200 испитаници.

Речиси половина од граѓаните, односно 53 отсто, нема да излезат на претстојните парламентарни избори закажани на 5 јуни, 32 отсто ќе излезат, а 15 отсто се неодлучни.

Од анкетираните што се изјасниле дека нема да излезат на изборите на 5 јуни, 42 отсто нема да излезат на избори затоа што ќе ги бојкотираат, 21 отсто бидејќи немаат за кого да гласаат, а 37 отсто имале друга причина.

Дека нема услови за слободни и демократски избори сметаат 53 отсто од испитаниците, 34 отсто сметаат дека има услови, а 10 не знаат дали има услови за избори.

Слободата на медиуми е останата на исто ниво во последните три месеци, сметаат високи 60 отсто од анкетираните, 10 отсто сметаат дека е намалена, а 17 отсто дека е зголемена.

47 отсто од испитаниците сметаат дека избирачките списоци не овозможуваат фер и слободни избори, а 33 отсто сметаат дека овозможуваат.

Во земјата има длабока политичка криза, е одговорот на високи 75 отсто од анкетираните, а 15 отсто сметаат дека има стандардна предизборна атмосфера.

Протестите на опозицијата пред Влада ги поддржуваат 35 отсто од испитаниците, 26 проценти не ги поддржуваат, а 37 отсто од анкетираните одбиле да одговорат на ова прашање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...