fbpx
Таг: истражување

таг: истражување

Недостиг од храна поради климатските промени

Климатските промени со екстремните временски услови, како силни бури, суши и топлотни бранови, во иднина ќе предизвикаат тежот недостиг од храна, предупредуваат британски и американски научници. Во извештајот кој бил изработен на барање на владата на Велика Британија, научниците, меѓу другото, расправаат и околу тоа дека преголемото потпирање врз глобалната трговија би можело дополнително да влијае на недостигот од храна во иднина. „Многу...

Целосно истражен античкиот театар во Скупи

Археолошките истражувања на античкиот театар на археолошкиот локалитет Скупи во Скопје завршија. Почнувајќи од август 2013 година, истражувањата се реализираа во соработка со Филозофски факултет од Скопје и со Музејот на град Скопје. За време на истражувањата на античкиот театар, кој бил изграден за време на Хадријан и кој функционирал до крајот на 4 век, археолозите пронајдоа околу 3.000 монети, керамика, бронзени...

Турција даде дозвола за подморско истражување за „Турски тек“

Дозвола за спроведување инженерски истражувања за подморската делница на гасоводот „Турски тек“ даде Турција, соопштија од „Газпром“. Со овој документ предвидени се инженерски истражувања на првата линија на гасоводот во ексклузивната економска зона и во територијалните води на Турција. Подморската делница на „Турски тек“ ќе ја сочинуваат четири линии, а секоја ќе има капацитет од 15,75 милијарди кубни метри. Гасоводот ќе...

Пад на популарноста на италијанскиот премиер и на неговата партија

Популарноста на италијанскиот премиер Матео Ренци и на неговата Демократска партија е во опаѓање поради корупцискиот скандал и имиграционата криза, се наведува во истражувањето на јавното мислење направено од италијанскиот институт „Демос“. Популарноста на партијата паднала за девет отсто и сега е 32 отсто. Втора партија по популарност е Движење пет ѕвезди на поранешниот комичар Бепе Грило со 26,1 отсто...

ИДСЦС: Граѓаните сметаат дека тендерите во општините не се доделуваат праведно

Повеќе од 60 отсто од граѓаните сметаат дека процесот на вработување во општинската администрација во нивната општина е достапен за луѓе блиски на партијата на власт во таа општина. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење за судирот на интереси и за корупцијата на локално ниво на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, спроведено во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за спречување конфликт на...

Истражување: Повеќе од 80 отсто од Французите не го сакаат Оланд за претседател

Повеќе од 80 отсто од француските граѓани не го сакаат Франсоа Оланд за шеф на државата по претседателските избори, кои треба да се одржат во 2017 година, бидејќи не постигнал добри резултати на полето на економијата, покажало истражувањето на институтот ЦСА, спроведено за интернет-страницата „Атлантико“. Истражувањето, спроведено во пресрет на третата годишнина од изборот на Оланд за претседател на државата, покажало...

Во 56 отсто од случаите, лекарите непотребно препишувале антибиотици

Непрописно и непотребно биле препишувани антибиотици во 56 отсто од сите случаи со респираторни проблеми, без да бидат направени дополнителни анализи, покажало истражувањето на Здружението на специјалисти по семејна медицина – респираторна група и Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, пренесува „Нова ТВ“. - Ова истражување ни покажува дека треба да се направи уште многу во поглед...

Речиси 90 отсто од Македонците се религиозни

Според истражувањето на „Вин галуп“, две третини од светската популација се смета себеси за религиозна. Во истражувањето е опфатена и Македонија, каде што 88 отсто од граѓаните рекле дека себеси се сметаат за религиозни, осум отсто се изјасниле како нерелигиозни, два отсто се атеисти, а останатите три процента не се изјасниле Во истражување биле опфатени 64.000 луѓе од 65 земји во светот. Од...

И партиите и Амбасадата на САД забрзано анкетираат

Агенциите кои прават сондажи на јавното мислење деновиве имаат полни раце работа. Според извори од агенциите, и партиите, но и Амбасадата на САД во земјава прават анкети за расположението на граѓаните за предвремени избори, за преодна влада и за рејтинг на партиите и на политичарите. - Сите анкети се „приватни“, односно нарачателите сами одлучуваат дали ќе ги објават резултатите. Никој не нарачува...

Резултати од истражување: Како се трошат општинските пари?

Асоцијацијата за економско истражување, застапување и донесување економски политики „Фајнанс тинк“ - Скопје ги претстави резултатите од проектот „Локален развој или тековна потрошувачка: За која намена се трошат општинските пари?“. Во ова истражување беа вклучени 15 најголеми општини во Република Македонија, според бројот на жители, и тоа: Куманово, Битола, Тетово, Гостивар, Прилеп, Гази Баба, Аеродром, Чаир, Струга, Карпош, Кисела Вода, Охрид, Велес,...

Четириесет отсто од Французите против објавувањето на карикатури на Мухамед

Повеќе од 40 отсто од граѓаните на Франција сметаат дека треба да се избегнува објавувањето карикатури на пророкот Мухамед, а половина од нив се согласуваат со ограничувањето на слободата на говор на интернет, покажало истражувањето на јавното мислење, објавено денеска, а спроведено по терористичките напади во „Шарли ебдо“, пред десетина дена. Во истражувањето на институтот ИФОП, кое го објавил неделникот...

Хрватите утре ќе гласаат за претседател

Хрватите утре излегуваат на избори во првиот круг на претседателски избори, а според истражувањето што го направила независната агенција „Набљудувач“, во трката за лидер на најмладата членка на ЕУ, и покрај неодамнешните оптимистички предвидувања, актуелниот претседател Иво Јоспиовиќ ќе претрпи пораз. Неговото место во наредните пет години, според аналзиите на „Набљудувач“, ќе го заземе противкандидатката, претставничката на Хрватската демократска заедница (ХДЗ),...

Анкета: Одлуки треба да носат професионалците, а не политичарите

Во демократиите донесувањето на одлуките треба да се остави на професионалците и на интелектуалците, а не само на политичарите, сметаат 87 отсто од македонските граѓани, а 7 отсто не се согласуваат, покажуваат резултатите од студијата „Политичка култура, европеизацијата и стравовите во Македонија“ од анкетното истражување „Еврометар“ спроведено во 2014 година. Дека во Македонија има целосна демократија, сметаат 34 отсто од...

Поларните мечки може да исчезнат до крајот на веков

Светскиот фонд за природа денеска објави резултати од истражување, според кое, опстанокот на поларните мечки ќе биде доведен во прашање доколку не се намали испуштањето гасови кои ја менуваат климата во светот, зголемувајќи ја просечната темпреатура. Климатските промени им се закануваат на веќе критично загрозените екосистеми на Северниот Леден Океан, предизвикувајќи значително опаѓање на бројот на поларните мечки. Според извештајот, на поларните...

Стокхолм е прогласен за најпаметен град

Стокхолм, Лондон, Париз, Сингапур и Копенхаген се градови со најголема зрелост во сегментот на информатичките технологии и телекомуникации, покажа истражувањето што го изврши компанијата „Ериксон“. Истражувањето рангира 40 градови и ја мери нивната зрелост во сегментот на информациските технологии, односно влијанието на ИКТ-инвестициите на економските и на општествените услови и на развојот на животната средина. Во годинешниот извештај, додадени се девет нови градови –...

МЦЕО: Дали во Македонија владее атмосфера на страв и на конспирации?

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) „Еврометар“, во своето последно истражување објавува податоци за тоа колкава е атмосферата на страв и на конспирации во Македонија. Анкетите се правени со директни прашања, како, на пример, „Дали македонските граѓани слободно го кажуваат своето мислење?“, и индиректни прашања „Македонската влада има податоци за тоа како гласал секој граѓанин“, „Спонтани протести не постојат, туку...

Средношколците со страв одат на училиште

Речиси половина од средношколците во земјата не се чуствуваат безбедно во училиштата, што се должи на нивната перцепција за големата застапеност на оружјето меѓу нивните врсници, покажува истражувањето спроведено од Младинскит образовен форум (МОФ). Според истражувањето, 45,4 отсто од средношколците сметаат дека нивните врсници во училиште носат нож, 32,4 проценти сметаат дека некој крие алка, 27,7 проценти се сомневаат дека нивни...

Франција развива програма за пресретнување беспилотни летала

Генералниот секретаријат за одбрана и национална безбедност на Франција иницирал програма за развивање методи за откривање и за пресретнување на беспилотни летала, по пријавите за голем број такви летала над француските нуклеарни постројки, објавуваат француските медиуми. Од генералниот секретаријат изјавиле дека наведените прелети не претставуваат опасност за работата и за безбедноста на нуклеарните централи, но претставуваат предупредување за можни ризици од нивна...

Граѓанскиот сектор бара поголема транспарентност во јавните набавки

Општина Штип не успеала да реализира ниту половина од планираните јавни набавки, а најниската цена како главен критериум за доделување договори, се јавува како проблем што ја усложнува реализацијата на набавката, се дел од забелешките од набљудувањето на јавни набавки што го спроведе невладината организација „Фондација за развој на локалната заедница“ од Штип. Според резултатите од надгледувањето, фирмите кои учествувале на...

Истражување: Фондот за здравство најтраспарентен, претседателот најнеотчетен за трошењето на јавните пари

Фондот за здравствено осигурување на Македонија(ФЗОМ) е најтранспаретна, а институцијата претседател на државата најнеотчетна во трошењето на јавните пари, покажува истражувањето на Центарот за економски анализи и на Институтот за демократија, пренесува „24Вести“. Според анализата, 90 отсто од државните институции не ја објавуваат завршната сметка, а ниту една институција не објавила реализација на буџетските средства и покрај законската обврска. Речиси 40...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...